Елизабет Иванова Епштајн (1879–1956) била руска сликарка.

Биографија

уреди

Епштајн, моминско презиме Хефтер, е родена на 27 февруари 1879 година во Житомир, Русија.[1] Нејзиното семејство се преселило во Москва, а потоа таа заминала за Минхен.[2] Во 1898 година се омажила за Мејзислав Епштајн, со којшто има едно дете. Двојката се развела во 1911 година. Во Минхен, Елизабет студирала со Антон Ажбе, Алексеј фон Јавленски и Василиј Кандински. Таа, исто така, ги посетувала салоните што ги организирала уметницата Маријана фон Верефкин.[3] Нејзините дела биле вклучени во првата изложба во Минхен во 1911 година.

Околу 1907 година, Епштајн се преселила во Париз и изложувала во Есенскиот салон. Додека живеела во Париз, Епштајн ги претставила Кандински и Франц Марк пред францускиот уметнички свет, а исто така му го олеснила патот на делото на францускиот сликар Роберт Делоне во патувачката изложба Der Blaue Reite од 1911 година.[3]

Починала на 22 јануари 1956 година во Женева, Швајцарија.[4]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. „Elisabeth Epstein“. RKD (англиски). Посетено на 8 August 2020.
  2. „Elisabeth Epstein. Paysage. 1918. Öl auf Leinwand“. Kollerauktionen (англиски). Посетено на 8 August 2020.
  3. 3,0 3,1 Reinhardt, Hildegard (2017). „Elisabeth Epstein:: Moscow–Munich–Paris–Geneva, Waystations of a Painter and Mediator of the French-German Cultural Transfer“. Во Tanja Malycheva; Isabel Wünsche (уред.). Marianne Werefkin and the Women Artists in Her Circle. Brill. стр. 165–174. JSTOR 10.1163/j.ctt1w8h0q1.18.
  4. „Epstein-Hefter, Elisabeth“. SIKART Dictionary and database. Посетено на 8 August 2020.