Електричен бокал за вода
Електричен бокал за вода е вид на лонец, обично метален, кој служи за вриење на вода над максималната температура, со капак, писка и рачка или мал кујнски апарат со слична форма. Бокалот може да се загрее или со ставање на шпоретот или со сопствен внатрешен електричен грејач кој се наоѓа во уредот.
Откако бил измислен во 1893 година првиот електричен бокал за вода, бучните котлиња кои свират и опасните стапчести грејачи полека, но сигурно паднале во заборав. Денес, бокалите се составен дел од домот на секој љубител на чајеви и супи и секако на секоја еколошки свесна личност. Имено, во нив водата се загрева многу побрзо отколку во обичен сад (производителите се натпреваруваат кој бокал ќе биде побрз) и автоматски се исклучуваат кога водата ќе зоврие, со што се заштедува енергијата, а имаат и индикатор за нивото на водата. Покрај тоа, модерните бокали се многу безбедни и практични за употреба, бидејќи однадвор воопшто не се загреваат, прилагодени се и за левораки и можат да се користат само со една рака.
Бокали кои се загреваат на шпоретот
уредиБокалите кои се загреваат на шпорет се воглавно метални и се користат за да се свари водата со помош на шпорет. Бокалите обично имаат регулатор на врвот, писка и капаче. Понекогаш бокалите имаат свирче кое покажува кога водата достигнала точка на вриење. Во тие бокали, кога водата се обидува да излезе од бокалот, тоа се поместува и се тресе. Бидејќи брзината на ослободување на пареа расте, вибрациите стануваат погласни, предизвикувајќи звук на пискање. Најпопуларните бокали кои се загреваат со помош на шпорет се прават од нерѓосувачки челик. Бокалите можат да бидат направени од бакар, железо, алуминиум, полиран хром или керамика.
Електрични бокали
уредиЕлектричните бокали обично се направени од пластика или издржлив челик (со пластична рачка) и се напојуваат со електрична енергија. Кај модерните бокали, грејачот е потполно затворен, со моќност од 2 - 3 kW. Во модерните дизајни, кога водата ќе достигне точка на вриење, бокалот автоматски се деактивира, спречувајќи ја водата да проврие и да го оштети грејниот елемент. Термостатот е изолиран од водата во бокалот, а наместо тоа се загрева од пареата која се создава кога водата ќе зоврие. Последица на овој дизајн е што бокалот нема да работи доколку капакот се остави отворен, поради недоволна пареа. Електричните бокали биле создадени како начин да се зоврие водата без користење на шпоретот.
Историја
уредиПрвите бокали биле користени во древна Месопотамија за други намени освен за готвење. Во Кина, бокалите за вода обично биле правени од железо и директно биле поставувани над отворениот пламен. Патниците користеле котли за да сварат свежа вода, која би се користела за пиење.
Развојот на бокалите за чај е во директна корелација со еволуцијата на модерниот шпорет.[1] Електричните бокали кои едноставно можат да се приклучат во струја наместо да се греат на шпоретот се измислени во 1922 година[1] од Артур Лесли Велики во Бирмингем, Англија.[2] Во втората половина на 1800-тите, во екот на индустриската револуција, електричните бокали за чај биле воведени како алтернатива на бокалите за шпорет. Првиот електричен бокал имал грејач надвор од изворот на вода, но набрзо бил прилагоден во корист на внатрешно загревање на апаратот. Современите бокали за чај вклучуваат различни технолошки достигнувања. бокалите со свирка се опремени со лесна динамика и рачките се отпорни на топлина.
Галерија на котли
уреди-
Норвешко котле од леано железо
-
Котле на пренослив шпорет во музејот Баронеса, Бразил
-
Бокал за вода од месинг, ран бокал бокал за вода во музејот во Ливерпул
-
Грејвсов бокал за вода од 1984, пост-модерен бокал со свирче во форма на птица
-
Современ бокал за вода направен од емајлиран метал и пластика
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Electric Kettles“. The Memory Store. John Lewis Partnership. Архивирано од изворникот на 2 октомври 2013. Посетено на 24 јуни 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Small Appliances“. The Association of Manufacturers of Domestic Appliances. Архивирано од изворникот на 8 мај 2013. Посетено на 24 јуни 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)