Едвард Симор (Прв војвода од Сомерсет)

(Пренасочено од Едвард Симор)

Едвард Симор (1506 - 22 јануари 1552) бил англиски лорд и регент на англискиот крал Едвард VI, како негов вујко.

Едвард Симор
Роден(а)c. 1506
Починал(а)22 јануари 1552
Лондон
ЖивеалиштеСомерсетска палата
НационалностАнглија
Звањевојвода од Сомерсет
СопружникКатерина Филол
Ана
РодителиЏон Симор
Потпис

Едвард е роден во 1506 година како син на Џон Симор и Маргарет. Тој бил постар брат на Томас Симор и Џејн Симор. Неговиот прв брак со Кетрин Филол бил поништен по откривањето на нејзината љубовна афера со кралот. По ова, тој се оженил за Ана.

Едвард и неговиот брат Томас Симор станале многу блиски до кралот во времето кога Хенри VIII во 1536 година се оженил за нивната сестра, Џејн Симор. Џејн успеала на кралот да му роди машки наследник, идниот Едвард VI, и набргу по пораѓањето починала. По смртта на Хенри, престолот бил наследен од страна на неговиот син, а Едвард Симор станал негов регент. На 15 февруари 1547 година ја добил титулата војвода од Сомерсет.

По неговата победа над Шкотите, се чинело дека неговата позиција во кралскиот двор никогаш нема да биде загрозена. Во 1549 година, популарноста на Симор започнала да опаѓа. Францускиот крал Анри II на 6 август 1549 година и објавил војна на Англија. Симор заедно со кралот се обидел да се соктие во Виндзор, но бил уапсен и одведен во Лондонската кула. Во 1552 година бил погубен.