Криводол
Криводол (бугарски: Криводол) — гратче во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Криводол во Врачанската Област. Има население од околу 2.986 жители (2022).[1]
Криводол Криводол | |
---|---|
град | |
Поглед на зградата на Општина Криводол | |
Местоположба на Криводол во Бугарија | |
Координати: 43°22′8.09″N 23°28′52.66″E / 43.3689139° СГШ; 23.4812944° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Враца |
Општина | Криводол |
Управа | |
• Градоначалник | Христо Доков (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 36,625 км2 (14,141 ми2) |
Надм. вис. | 208 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 2.986 |
• Густина | 82/км2 (210/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3060 |
Повик. бр. | +359 09117 |
Мреж. место | rivodol.com |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа на 130 километри северно од Софија и на еднакво растојание (околу 20 километри) од регионалните центри Враца и Монтана. Низ него минува главната железничката линија Софија — Видин.
Историја
уредиВо времето на Тракијците и Римјаните подрачието на денешен Криводол вриело од живот. Во доцното римско време овде биле изградени многу римски куќи, вили и тврдини. Од камен натпис од 2 век дознаваме дека денешниот Криводол се наоѓа на територијата некогашниот римски град Тафтиомос.
Сегашното име Криводол се јавува за прв пат во османлиски документ од средината на 15 век како зијамет со 63 домаќинства и во друг документ од 1675 година.[2]
Во периодот 1910-1913 година овде била изградена железничка станица по главната линија што ги поврзува Софија со Дунавскиот Регион и Видин. Тоа поврзување ја направила населбата транспортен, трговски и културен центар.
Криводол бил признат за град со Указ бр. 829 објавен на 29 август 1969 година.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Из миналото на Криводол