Европска уметност

Уметноста на Европа, или западната уметност, ја опфаќа историјата на визуелната уметност во Европа. Европската праисториска уметност започнала како карпеста и пештерска уметност на доцниот палеолит, како и петроглифската уметност. Двете се карактеристични за периодот помеѓу палеолитот и железното време.[1] Писмената историја на европската уметност често започнува со уметноста на антички Израел и античките егејски цивилизации, кои датираат од 3 милениум п.н.е. Паралелно со овие значајни култури, уметноста постоела низ цела Европа во некаква форма, каде и да имало луѓе, оставајќи знаци како резби, украсени артефакти и огромни камења. Сепак, конзистентноста на уметничкиот развој во Европа станува јасна само со уметноста на Стара Грција, усвоена и трансформирана од Рим и спроведена со Римската Империја, низ поголем дел од Европа, Северна Африка и Западна Азија.

Уметноста на сликарството ; од Јоханес Вермер; 1666–1668; масло на платно; 1,3 х 1,1 м; Музеј Кунстисториш (Виена, Австрија)

Влијанието на уметноста од класичниот период растело и опаѓало во текот на следните две илјади години, речиси да падне во заборав во делови од средновековниот период, за повторно да се појави во ренесансата, да претрпе период на она што некои рани историчари на уметноста го нарекуваат „распаѓање“ за време на барокниот период,[2] за повторно да се појави во рафинирана форма во неокласицизмот и да се прероди во постмодернизмот.[3]

Пред 1800-тите, христијанската црква имала големо влијание врз европската уметност. Црквата обезбедувала средства за сите архитектонски, сликарски и вајарски дела. Во овој период, безмалку, историјата на црквата се изедначува со историјата на уметноста. Во истиот временски период имало нов разбуден интерес за херои и хероини, приказни за митолошки богови и божици, големи војни и бизарни суштества кои не биле поврзани со религијата.[4] Повеќето уметности во последните 200 години се произведуваат без повикување на религијата и честопати без посебна идеологија, но уметноста честопати била под влијание на политички теми, без оглед дали биле одраз на гледиштата на покровителите или на уметникот.

Европската уметност е распоредена во неколку стилски периоди, кои, историски, се преклопуваат едни со други, бидејќи различни стилови се јавиле во различни области. Во главно, се издвојуваат следниве периоди: антички, византиски, средновековен, готски, ренесансен, барокен, рококо, неокласичен, модерен, постмодерен и новото европско сликарство.[4]

Наводи

уреди
  1. Oosterbeek, Luíz. „European Prehistoric Art“. Europeart. Посетено на 4 December 2012.
  2. Banister Fletcher excluded nearly all Baroque buildings from his mammoth tome A History of Architecture on the Comparative Method. The publishers eventually rectified this.
  3. Hause, S. & Maltby, W. (2001). A History of European Society. Essentials of Western Civilization (Vol. 2, pp. 245–246). Belmont, CA: Thomson Learning, Inc.
  4. 4,0 4,1 „Art of Europe“. Saint Louis Art Museum. Slam. Посетено на 4 December 2012. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „autogenerated2“ е зададен повеќепати со различна содржина.