Уметноста на сликарството

слика на Јан Вермер

Уметноста на сликарството (холандски: Allegorie op de schilderkunst) исто така позната и како Алегоријата на сликарството или Сликарот во неговото ателје, е слика на масло на платно од Холандскиот сликар Јоханес Вермер. Таа е денес сопственост на Австрија и е изложен во Музејот за историја на уметноста во Виена[1].

Уметноста на сликарството
Творец Јоханес Вермер
Година 1666–1668
Димензии 120 см × 100 см
Место Музејот за историја на уметноста, Виена

Денес ова дело се вбројува меѓу најпознатите на Вермер. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, ова дело е едно од најснажните негови творби[2].

Опис

уреди

Вермер, најчесто, најзначајните свои дела ги реализирал во своето ателје. Неговата приврзаност кон ентериерот, му овозможувала, студиозно, сконцентрирано, во сликарската тишина, да ги опфати сефкупните негови ликовни размислувања и постапки. На сликата е претставен самиот Вермер, свртен со грб, неговиот модел, девојка, облечена во раскошен фустан, богат со драперии, географска карта како и во преден план од десната страна, завеса со тешки драперии. насликани се и бројни предмети со прецизна и реалистичка точност и сите на неко начин претставуваа одредени симболи кои всушност ја претставуваат нарацијата, пораката и суштината на делото[3].

Стил

уреди

Сликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем автор. Чувство за реалистички детали. Перспектива. Прецизност. Неверојатна игра и доловување на светлината. Поетско чувство за атмосферата - тивка ненаметлива, сконцентрирана. Често се споменува нејзината историја или нејзината позиција во рамките на историјата на уметноста но, не се разгледуваат симболите, композицијата, неверојатното сликарско толкување на мотивот и бројни други елементи кои се доказ за обмисленоста, анализата и филозофската ликовна постапка кај овој генијален автор[4].

Техника на сликање

уреди

Вермер спаѓа меѓу авторите кои го довеле до совршенство масленото сликарство. Бројните проучувања меѓу кои спаѓаат и ренгенски скенирања, и не само за ова негово дело, откриле употреба на чисти и добро обработени пигменти, точна и мајсторска употреба на врзива, масло, лак и други технолошки елементи кои најверојатно Вермер, самиот ги приготвувал според сопствените истражувања и потреба во ликовниот израз. Во ликовната постапка, покрај инсистирањето на реалниот приказ, точен и прецизен до еден совршен реалистички метод, Вермер инсистирал и на специфична употреба на светло темното, односно специфичната претстава на светлината, што зборува дека користел метод на лазурно поставување на колоритот во неколку транспарентни слоеви, со што постигнувал длабочина, специфична колористичка гама и педантност во изработката[5].

Влијание

уреди

Како и повеќето дела на овој мајстор, сликата била инспирација, патоказ и размисла на низа ликовни творци како и во развојот на самата ликовна уметност. Иако неговата слава и признание дошло подоцна, неговата ликовна заслуга е откриена малку подоцна, сепак, денес во многу сегменти, неговата ликовна постапка и порака е интензивно присутна. Поетиката, мислата, постапката, третманот на светлината, психологијата на моделите - најчесто женскиот лик и друго се содржината која е предмет на инспирација и ликовна поука за многу сликари. Во дваесеттиот век неговата постапка ќе биде основата за развојот на стилскиот правец хипер реализам како и надреализам а еден од позначајните сликари на дваесеттиот век Салвадор Дали, делови од оваа слика ќе ги употреби и како сликарски цитат во негово дело[6].

Библиографија

уреди
  • Hermann Ulrich Asemissen: Jan Vermeer. Die Malkunst. Aspekte eines Berufsbildes. Fischer, Frankfurt am Main 1988, ISBN 3-596-23951-6.
  • Kurt Badt: „Modell und Maler“ von Vermeer. Probleme der Interpretation. Eine Streitschrift gegen Hans Sedlmayr. Dumont, Köln 1961. (Neuausgabe: 1997, ISBN 3-7701-4013-3).
  • Sabine Haag, Elke Oberthaler, Sabine Pénot: Vermeer – Die Malkunst. Residenz, Wien 2010, ISBN 978-3-7017-3187-9.
  • Сузана Хехенбергер, Моника Лошер: 63 / 5000 Уметноста на сликарството . Слики на Јан Вермер во 20 век. Schriftenreihe der Kommission für Provenienzforschung, Band 4, Böhlau Verlag, Wien 2013, ISBN 978-3-205-78816-4.
  • Норберт Шнајдер: Вермер1632–1675. Прикривање на чувствата. Taschen, Köln 1996, ISBN 3-8228-6377-7.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Art of Painting“. Архивирано од изворникот на 2020-12-08. Посетено на 2020-12-01.
  2. „The Art of Painting“. Архивирано од изворникот на 2020-07-31. Посетено на 2020-12-01.
  3. „The Art of Painting by Johannes Vermeer“. Архивирано од изворникот на 2020-11-01. Посетено на 2020-12-01.
  4. „The Art of Painting (1665-67)“. Архивирано од изворникот на 2020-07-31. Посетено на 2020-12-01.
  5. „Painting“. Архивирано од изворникот на 2020-11-25. Посетено на 2020-12-01.
  6. «Пейзаж с загадочными элементами» (1934)