Самовилското коњче
„Самовилското коњче“ — збирка македонски бајки напишани од македонскиот писател Душко Наневски. Издадена е во 1978 година од страна на издавачката куќа Детска радост во Скопје. За време на Социјалистичка Република Македонија, книгата била вклучена како задолжителна лектира на деца во трето одделение. Освен првото издание, појавени се уште две подоцнежни изданија на книгата, во 1984 и 1985 година.[1] Книгата содржи 14 бајки кои биле создадени од македонскиот народен творец.
Автор | Душко Наневски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | Македонски јазик |
Жанр | Збирка бајки |
Издавач | Детска радост |
Издадена | 1978 |
Страници | 78 |
Заднина
уредиВо предговорот на делото, Душко Наневски напишал како бајките според него спаѓаат во волшебна поезија, а се создадени од сонот и фантазијата. Главната цел со оваа книга му била да ги собере „чудесно убави[те] бајки“ кои македонскиот народен творец ги создал низ годините.[2] Бидејќи во негово време таква книга не постоела, авторот ги избрал бајките кои ги сметал за најубави, а воедно и кои ќе имаат оригинални мотиви и ќе им бидат интересни на деца од целиот свет.[3] При собирањето на бајките, кои биле напишани од страна на разни собирачи, Наневски забележал дека тие биле застарени и со нејасен стил и зборови, со што сметал дека нема да бидат достапни за македонските деца. Инспириран од страна на светски творци како Шарл Перо, Браќата Грим, Божана Немцова и Итало Калвин, авторот со творечка слобода ги прераскажал приказните во помодерен стил и со своето чувство за естетика. Авторотот во предговорот на книгата го напишал следново: „Всушност, го барав нивниот првобитен, поетски облик, сакав волшебната поезија да проблесне со нова убавина. Така творец на овие бајки е македонскиот народен гениј, а јас сум само автор на нивната модерна верзија. Јас само ги одбирав и нижев најубавите, стеливи зборови, на магичната нишка на бајките, по она мото од Сончевата довејка, која, во македонскиот стил, по секој збор велела: ‚Број ми се бисере, број!‘“.[3]
Содржина
уредиКнигата содржи 14 бајки напишани од страна на Душко Наневски:[3]
- Марко и самовилата
- Самовилското коњче
- Квачката и дванаесетте пилиња
- Трите сестри самовили
- Немата морска царица
- Златното пиле
- Сончевата девојка
- Мома претворена во маж
- Детето без страв
- Светската убавица
- Волшебната стрела
- Заспаната Ѓурѓелија
- Јунакот, ламјата и самовилите
- Ѓул Јордана
Наводи
уреди- ↑ Современост: литература, уметност, општествени прашања. 54. Кн-во "Кочо Рацин". 2006.
- ↑ Котев, Иван (9 февруари 2021). „Приказната била и останала и училиште и учителка“. Нова Македонија. Посетено на 17 ноември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Наневски, Душко (1990). Самовилското коњче. Нова Македонија.