Душко Гочевски
Душко Гочевски (Велес, 1962 – Карпалак, 16 февруари 2002) бил македонски бранител, армиски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 18 февруари 2002 година кај месноста Карпалак, на автопатот Скопје - Тетово, откако намерно е прегазен од кола.[1]
Душко Гочевски | |
---|---|
1962 – † 16 февруари 2002 (40 г.) | |
Роден во: | Велес, Македонија |
Починал во: | Карпалак |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Резервист во АРМ |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 година и смрт
уредиДушко Гочевски е роден во 1962 година во Велес. Душко е татко на две малолетни деца Борче Гочевски и Стојче Гочевски. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил резервист во АРМ. Загинува на 16 февруари 2002 година кај месноста Карпалак, близу селото Бојане. Според министерството за одбрана, несреќата се случила на делот од автопатот Скопје - Тетово во реонот на селото Бојане, Општина Сарај. Воениот обврзник Гочевски околу 19:30 часот ги известил војниците на пријавницата дека ќе го напушти реонот на својата единица, со цел да замине во Велес, за што веднаш биле информирани старешините на единицата.
Капетанот и поручникот од единицата по доаѓањето на пријавницата почнале да го разубедуваат воениот обврзник Гочевски да отстапи од намерата да ја напушти единицата, но во еден момент од разговорот Гочевски избегал од местото на разговорот, го преминал автопатот и на коловозот, кој води од Тетово кон Скопје, ги подигнал рацете со намера да го стопира возилото, марка „ауди“, кое во тој момент со голема брзина доаѓало од правецот на Тетово. Возилото удрило во воениот обврзник Гочевски, го отфрлило десетина метри на асфалтот и, не запирајќи, продолжило во правец на Скопје. Како последица од овој удар, воениот обврзник Гочевски е усмртен на местото на настанот.[2]
Погребан е на гробиштата во Велес. Душко Гочевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
- ↑ „Прегазен резервниот војник Душко Гочевски“. Утрински Весник. 18 февруари 2002.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-01-07.