Дубје (Старо Село)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Дубје

Карта

Местоположба 42°08′39″N 21°08′24″E / 42.14417° СГШ; 21.14000° ИГД / 42.14417; 21.14000
Основни податоци
Место Старо Село
Општина Јегуновце
Тип

 некропола


Период римско време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Дубјеархеолошко наоѓалиште т.е. некропола од римско и доцноантичко време. Се наоѓа во тетовското село Старо Село. Името Дубје на месниот долнополошки говор означува Дабови. Наоѓалиштето е сместено на јужната периферија на селото, на една од мала височинка каде се откриени гробови. При заштитните археолошки ископувања извршени во 1982 година најдени се бронзени монети, токи и друго. Наодите се чуваат во Музејот на тетовскиот крај.[1] Во непосредна близина на наоѓалиштето лежи црквата „Св. Спиридон“.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Студија за оценка на влијанието на реконструкцијата и и зградбата на 110 KV ДВ „ТС Скопје 1 - ТС Југохром - ТС Тетово 1" врз животната средина“. ЕСМ. Архивирано од изворникот на 2010-10-24. Посетено на 2010-11-04.
  2. „Празникот посветен на Свети Спиридон Чудотворец го прославија жителите на Старо Село“. Кисс Тв. 25 декември 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-11-05.