Државен историски музеј (Москва)
Државниот историски музеј (руски: Государственный Исторический музей) е музеј кој се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва, Русија. Овој музеј содржи реликви од најстаро време од руската историја, па до денес. Музејот до 1917 година се викал Царски руски историски музеј, а до 1881 година Музеј на Негово царско Величество.
Музејот на Црвениот плоштад | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1872 |
---|---|
Место | Москва, Русија |
Тип | историски |
Мреж. место | www.shm.ru |
Музејот бил отворен по налог на рускиот император Александар II Руски на 21 февруари 1872 година. Како главен архитект бил избран Владимир Осипович Шервуд. Денешната зграда започнала била изградена во периодот од 1875 до 1881 година. Првите официјлна изложба се случила по две години, за време на посетата од царот и неговата сопруга[1]. Во 1894 година Александар III Руски станал почесен претседател на музејот и наредната година, 1895 година, музејот бил преименуван во "Царски руски историски музеј Цар Александар III[2]. Внатрешноста на музејот била уредена од страна на врвни руски уметници, како Виктор Васнецов, Хенрих Семирадски и Иван Ајвазовски.
Наводи
уреди- ↑ „Хронологический указатель“. Архивирано од изворникот на 2011-01-04. Посетено на 2010-10-12.
- ↑ „Хронологический указатель – ГИМ“. Архивирано од изворникот на 2011-01-02. Посетено на 2010-10-12.