Драгиша Здравковски

Драгиша Здравковски (12 октомври 1952, Свети Николе, - 3 август 2015, Скопје) — македонски археолог и универзитетски професор, проучувач на неолитот во Македонија.[1]

Драгиша Здравковски
Роден 12 октомври 1952
Свети Николе, НР Македонија СР Македонија
Починал 3 август 2015
Скопје, Македонија Македонија
Занимање археолог

Животопис

уреди

Здравковски е роден е на 12 октомври 1952 година во Свети Николе. Дипломирал историја на уметност и археологија на Филозофскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на кој магистрирал и докторирал. Во Музејот на Македонија работел од 1981 до 2013 година како кустос советник (виш кустос, кустос) за младо камено време, а во еден период ги извршувал и функциите на програмски директор и директор. Во периодот од 2008 до 2012 година Здравковски го предавал предметот „археологија на Блискиот Исток 1 и 2“ на Филозофскиот факултет, а бил избран и за научен соработник. Меѓу последните проекти по кои стручната и пошироката јавност го памети Здравковски, е археолошкото наоѓалиште Тумба Маџари во Скопје. Позначајни функции кои ги извршувал се Заменик директор на Музеј на Македонија, Секретар на ЗАМ и Секретар на редакцијата на Macedoniae acta archaeologia. Бил член на МАНД. Починал на 3 август во Скопје.[2]

Наводи

уреди
  1. “DRAGIŠA ZDRAVKOVSKI - IN MEMORIAM - Cultural Manifestations during the Neolithic Period on the Territory of the Republic of Macedonia and Neighboring Regions”
  2. 4.08.2015. - Почина археологот д-р Драгиша Здравковски. Архивирано од изворникот на 2016-07-11. Посетено на 2017-01-20.