Macedoniae Acta Archaeologica
(Пренасочено од Macedoniae acta archaeologia)
Macedoniae Acta Archaeologica e периодично археолошко списание на Македонското научно археолошко друштво[1]. Првиот број бил објавен во 1975 година во Прилеп чиј уредник бил уредник Бошко Бабиќ, а досега (состојба 2010) се објавени 17 броја. Во списанието се публикуваат резултатите од истражувањата на археолозите од Македонија и од странство презентирани на научните симпозиуми на МАНД, како и научни прилози од археологијата, нумизматиката, епиграфијата, антропологијата, старата историја и другите помошни дисциплини. Списанието се печати на македонски со резиме на странски јазик.
Наводи
уреди- ↑ „Macedoniae Acta Archaeologica“ (англиски). Bibliographic Records of the Ancient World Mapping Center. Архивирано од изворникот на 2011-04-12. Посетено на 2010-08-24.