Драган Шуплевски
Драган Шуплевски (19 јули 1933 во Скопје — 10 јуни 2001 во Скопје) — македонски диригент, композитор и универзитетски професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.[1]
Драган Шуплевски | ||
Роден | 19 јули 1933 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 10 јуни 2001 Скопје, Македонија | (возр. 67)|
Националност | Македонец | |
Занимање | диригент и композитор |
Тој е син на познатиот и признат музички педагог и диригент Трајко Шуплевски.
Животопис
уредиМошне надарен уште како ученик го привлекува хорското диригирање, заради што станува и првиот диригент на Детскиот радиохор на Радио Скопје (1952-1954).
Дипломирал на Наставно-теорискиот отсек на Музичката академија во Белград во 1959 година.
Работел како наставник во Средното музичко училиште во Скопје во периодот 1960-1963, а потоа бил шеф на Музичката продукција на РТВ Скопје (1963-1966). До крајот на животот бил професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Бил раководител на речиси сите значајни хорски ансамбли во Македонија („Жикица Јовановиќ-Шпанац“, „Развигорче“, Женскиот младински хор „25 Мај“, „Мирче Ацев“, Хорот на МРТ). Со нив постигнал извонредни успеси, остварувајќи голем број студиски снимки со дела од македонски композитори.
Како композитор, своите творечки преокупации ги бара предимно во доменот на хорската музика, инспирирајќи се од ризницата на македонскиот музички фолклор.
Автор е на книгата „Уметноста на хорското пеење“ во 1999 година.
За неговата севкупна дејност одликуван е со „Орден заслуги за народ со сребрен венец”, „13-то ноемвриската награда на Скопје” и републичката награда „11 Октомври”.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шундовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1670. Text "series " ignored (help)