Драган Андрескимакедонски воен генерал.

Драган Андрески
Држава
Служба1973–2009
Чингенерал потполковник (2006–2009) Целосен список на чиновите
ОдликувањаЦелосен список на одликувањата

Животопис

уреди

Тој е роден во 1950 година во прилепското село Обршани. Основно образование завршува во своето родно село, а гимназиско образование во Битола. Високо воено образование стекнува на воените академии во Белград и Задар, насока артилерија.

Во 1973 година дипломира и ја започнува својата служба во Југословенската народна армија како командир на вод во Струмица. Во 1974 година е поставен за командир на батерија. Во 1975 година е преместен во Скопје, каде што до 1988 година е заменик командант, а потоа и командант на дивизион. Во меѓувреме, во 1985 година ја завршува Командно-штабната академија на Копнената војска на ЈНА во Белград. Од 1988 до 1990 година служи во Приштина како референт, а потоа и заменик началник на артилерија во корпус. Во 1990 година е преместен во Врање, каде што е началник на штаб на артилериска бригада, а воедно и заменик командант на бригадата, сѐ до распадот на Југославија.

Како и други припадници на ЈНА од Македонија, во 1992 година ја продолжува својата служба во новоформираната Армија на Република Македонија. Од 1992 година е во Куманово, каде што до 1994 година е командант на пешадиска бригада, а воедно и командант на касарната и гарнизонот, а од 1994 до 1995 година началник на одделението за оперативни работи на Првиот армиски корпус. Во 1995 година завршува висока воена академија (генералска школа) во Истанбул и е преместен во главниот град Скопје. Од 1995 до 1996 година е командант на гардиска бригада, а воедно и командант на касарната „Илинден“. Во 1996 година е началник на одделението за оперативни работи, а воедно и заменик на помошникот на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и оперативни работи.

Во 1996 година е поставен за воен претставник на Македонија во Турција, со што е прв воен претставник на Републиката во странство. Оваа должност ја извршува до 2000 година. Таа година е унапреден во чин бригаден генерал. Од 2000 до 2001 година е командант на гранична бригада. Од 2001 до 2004 година е началник на Г-3 во Генералштабот на Армијата. Во периодот од 2004 до 2008 година е воен претставник на Републиката во Хрватска, Словенија и Италија. Во 2009 година се пензионира со чинот генерал потполковник.

Од 2014 до 2015 година е советник за воена дипломатија на министерот за одбрана. Од 2015 година е претседател на Клубот на генералите.[1]

Чинови

уреди
  • потпоручник (1973–1974)
  • поручник (1974–1976)
  • капетан (1976–1979)
  • капетан прва класа (1979–1983)
  • мајор (1983–1987)
  • потполковник (1987–1993)
  • полковник (1993–2000)
  • бригаден генерал (2000–2003)
  • генерал мајор (2003–2006)
  • генерал потполковник (2006–2009)

Одликувања

уреди
  •   Орден за воени заслуги со сребрени мечеви (1975)
  •   Орден на Народната армија со сребрена ѕвезда (1975)
  •   Орден за воени заслуги со златни мечеви (1980)
  •   Орден на трудот со сребрен венец (1984)
  •   Орден на Народната армија со златна ѕвезда (1989)
  •   Орден на хрватскиот тролист (2008)
  •   Медал за придонес во одбраната
  •   Златна значка на Армијата

Наводи

уреди
  1. Стојановски, Мирослав; Стојаноски, Борис (2017). Воени генерали од Македонија (1943-2017). Скопје: Клуб на генерали на Република Македонија. стр. 24–27. ISBN 978-608-65955-2-4.