Дончо Андрев Дуцароски ( 1924 во Големо Црско, Кичевско1944 во Тетово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Дончо Дуцароски
Роден 1924 година
Големо Црско, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал декември, 1944 година
Тетово, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Произлегувал од селско семејство, кое претежно се занимавало со земјоделство. Во Народноослободителната војска се приклучил во септември 1944 година во редовите на Шестата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во завршните борби за ослободување на Западна Македонија. Во борбите со балистите на Сува Гора бил тешко ранет и пренесен во болницата во Тетово каде подлегнал на добиените рани во декември 1944 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 55.