Долно Градиште (Филиповци)
„Долно Градиште“
| |
Местоположба | 42°02′42″N 22°03′22″E / 42.04500° СГШ; 22.05611° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Филиповци |
Општина | Кратово |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Долно Градиште — градиште од доцноантичкиот период во атарот на селото Филиповци, Македонија. Помеѓу Туралевски Дол и Крива Река, на висок планински гребен се наоѓа долго и тесно плато со димензии од 150 на 70 метри, на кое има остатоци од бедем што го оградувал градиштето. Зачувани се само темелите градени од камен и варов малер. Во внатрешноста на тврдината, на повеќе места се гледаат контури на помали објекти. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Градиштето е делумно оштетено со вадење на градежен материјал од бедемот и објектите. На јужното подножје на ридот, кај месноста Герани се откриени повеќе гробови во кои се пронајдени неколку керамички садови и неколку монети. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија.[1]
Поврзано
уреди- Свети Илија — населба и црква од доцноантичко време и старохристијанско време;
- До Селото — некропола од доцноантичко време;
- Филиповци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 188. ISBN 9989-649-28-6.