Доктор Живаго (филм од 1965)

Доктор Живаго (англиски: Doctor Zhivago) – американски филм од 1965 година, во режија на Дејвид Лин, по сценариото на Роберт Болт, засновано врз истоимениот роман на Борис Пастернак. Главните улоги ги играат: Џералдин Чаплин, Џули Кристи, Омар Шариф, Алек Гинис, Ралф Ричардсон, Род Стејгер, итн. Филмот ја освоил наградата „Оскар“ во категориите за најдобро сценарио, за камера, за сценографија, за костимографија и за музика.[1]

Содржина

уреди

Во 1936 година, генералот на Црвената армија Евграф Живаго (го игра Гинис) среќава млада работничка за која мисли дека можеби е ќерката на неговиот полубрат Јуриј Живаго (го игра Шариф) и неговата голема љубов Лара (ја игра Кристи). Затоа, тој почнува да ѝ го раскажува животот на Јуриј со цел таа да се сети на некој детаљ и така да потврди дека навистина е нивната ќерка: Кон крајот на 19 век, Јуриј останал сираче и бил одгледан од богатото московско семејство на Александар Громико (го игра Ричардсон). Тој дипломирал медицина, а за време не студирањето се афирмирал и како надарен поет и наскоро се оженил за убавата девојка Тоња (ја игра Чаплин), ќерката на Громико. Истовремено, пред Првата светска војна, во Москва живеела и седумнаесетгодишната Лара чија мајка имала богат љубовник (го игра Стејгер). Иако Лара веќе била свршена за фанатичниот левичар Паша, неа ја заведол љубовникот на нејзината мајка. Кога мајка ѝ на Лара се обидела да изврши самоубиство, д-р Живаго ја запознал и сфатил дека таа му е љубовница на богатиот Комаровски. Кога Комаровски ја нарекол курва, мајка и на Лара се обидела да го застрела пред очите на московската аристократија и тогаш д-р Живаго му пружил прва помош на Комаровски. Во Првата светска војна, д-р Живаго учествувал како лекар, а Лара била болничарка и тие страсно се вљубиле еден во друг. Подоцна, драматичните историски настани ги разделиле, но нивната љубов останала...[2]

Наводи

уреди
  1. „HRT (пристапено на 6.101.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-10-03. Посетено на 2017-10-07.
  2. „HRT (пристапено на 6.101.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-10-03. Посетено на 2017-10-07.