Дмитриј Сичов
руски фудбалер
Дмитриј Сичов (руски: Дми́трий Евге́ньевич Сычёв, роден на 26 октомври 1983 во Омск) — руски фудбалер кој во моментот настапува за екипата на ФК Локомотив Москва.
Дмитриј Сичов | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Дмитриј Евгеневич Сичов | ||
Роден на | 26 октомври 1983 | ||
Роден во | Омск, СССР | ||
Висина | 1.76 | ||
Позиција | напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | ФК Локомотив МОсква | ||
Број | 11 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2000–2001 | ФК Спартак Тамбов | 42 | (9) |
2002 | ФК Спартак Москва | 18 | (9) |
2002–2003 | ФК Олимпик Марсеј | 33 | (5) |
2004– | ФК Локомотив Москва | 221 | (72) |
Репрезентација ‡ | |||
2002–2010 | Русија | 47 | (15) |
* Ажурирано на: 25 јули 2012 ** Ажурирано на: 19:42, август 11, 2010 (UTC) |
Сичов својата професионална кариера ја започнал во 2000 година како играч на ФК Спартак Тамбов, и во истиот тим се задржал до 2001 година, кога преминал во ФК Спартак Москва. Во сезоната 2001/2002 преминал во ФК Олимпик Марсеј, за да веќе следната година повторно се врати во својата земја, овој пат во редовите на ФК Локомотив Москва.
За Руската фудбалска репрезентација дебитирал во 2002 година и одиграл 47 натпревари, постигнувајќи 15 голови.