Дијана Е. Х. Расел (6 ноември 1938 – 28 јули 2020 година) [1] била феминистичка писателка и активистка.[2] Родена и израсната во Кејптаун, Јужна Африка, таа се преселила во Англија во 1957 година, а потоа во САД во 1961 година.[2] Во изминатите 45 години таа била ангажирана во истражување за сексуално насилство врз жени и девојчиња. Има напишано голем број книги и статии за силување, вклучително и брачно силување, Фемицид, инцест, мизогини убиства на жени и порнографија. За Тајната траума, таа била ко-примател на наградата К. Врајт Милс во 1986 година. Исто така била добитник на наградата хуманистичка хероина во 2001 година од Американската хуманистичка асоцијација.[3] Таа исто така била организатор на Првиот меѓународен трибунал за злосторства против жените, во Брисел во март 1976 година.[4]

Ран живот

уреди

Расел е родена и израсната во Кејптаун, Јужна Африка, близнак и четврто од шесте деца на татко Јужноафриканец, Џејмс Хамилтон Расел, и мајка Британка, Кетлин Мери (моминско Гибсон) Расел. Таа присуствува во женското училиште Хершел, англикански интернат за девојчиња.[5][6] По завршувањето на дипломирањето по психологија на Универзитетот во Кејптаун, на 19-годишна возраст, Расел заминала во Британија.[2]

Во Британија се запишала на постдипломски студии по општествени науки и администрација на Лондонската школа за економија и политички науки. Во 1961 година ја положила дипломата со пофалби и ја добила наградата за најдобар студент во програмата.[7] Таа се преселила во Соединетите Американски Држави, во 1963 година, каде што била примена на интердисциплинарна докторска програма на Универзитетот Харвард. Нејзиното истражување се фокусирало на социологијата и проучувањето на револуцијата.[2]

Радикалниот активизам на Расел започнал со нејзиното учество во движењето против апартхејдот во Јужна Африка. Во 1963 година, Расел се приклучила на Либералната партија на Јужна Африка, основана од Алан Патон, авторот на „Оплакувај ја саканата земја“ . Додека учествувала на мирен протест во Кејптаун, Расел била уапсена со други членови на партијата. Дошла до заклучок дека ненасилните стратегии се залудни против бруталното насилство и репресијата на бело Африканерската полициска држава. Потоа, таа се приклучила на Африканското движење на отпорот (АРМ), подземно револуционерно движење кое се борело против апартхејдот во Јужна Африка. Основната стратегија на АРМ била бомбардирање и саботажа на владиниот имот, и иако Расел била само периферна припадничка на АРМ, таа сепак ризикувала 10-годишна затворска казна доколку биде фатена.[2] Анализата на Расел за стратегии и тактики за општествени и политички промени е детално опишана во нејзината книга „ Бунт, револуција и вооружени сили: компаративна студија на петнаесет земји со посебен акцент на Куба и Јужна Африка“ (1974).[8]

Истражување и пишувања за силување и сексуална злоупотреба

уреди

Силувањето и другите облици на сексуална експлоатација и злоупотреба на жените од страна на мажите се еден од основните фокуси на истражувањето и пишувањата на Расел. Во нејзината книга, Политиката на силувањето (1975), Расел сугерира дека силувањето е приказ на општествено дефинирани перцепции за мажественост наместо девијантно социјално однесување. Нејзини други книги од оваа област се Силување во брак (1982), Сексуална експлоатација: силување, сексуална злоупотреба на деца и вознемирување на работното место (1984). Во 1986 година, Расел ја објавила Тајната траума: инцест во животот на девојките и жените (1986). Тоа е едно од првите научно-истражувачки студии за инцестуозна сексуална злоупотреба кое е објавено. За неа ја добила наградата К. Врајт Милс во 1986 година. Во 1993 година, таа уредувала антологија за порнографија, Правејќи го насилството секси: феминистички погледи на порнографијата. Нејзината книга од 1994 година, Против порнографијата: доказите за штетата, која вклучува 100 порнографски фотографии, е студија која утврдува како порнографијата ги поттикнува мажите на силување и води до зголемени инциденти на силување.

Организирање на Првиот меѓународен трибунал за злосторства против жените

уреди

Расел лобирала други феминистки веќе две години и на крајот била успешна во организирањето на првиот Меѓународен трибунал за злосторства против жените во Брисел, Белгија, во 1976 година. На конференцијата која траела четири дена, на која поединечни жени од различни земји сведочеле за нивните лични искуства од различни форми на насилство и угнетување поради нивниот пол, присуствуваа 2.000 жени од 40 земји. До вториот ден се распаднала катастрофалмо, бидејќи „радикалните активисти ја напаѓаа сцената еден по друг во импровизиран слободен пад“.[9]

Симон де Бовоар во својот воведен говор пред Трибуналот рече: „Го поздравувам Меѓународниот трибунал како почеток на радикалната деколонизација на жените“. Подоцна, белгиската феминистка Никол Ван де Вен го документира настанот во книгата „ Злосторства против жените: Постапките на Меѓународниот трибунал“ (1976).

Редефинирање и политизирање на „фемицидот“

уреди

Во 1976 година Расел го редефинира „фемицидот“, како „убиство на жени од мажи затоа што се жени“. На Меѓународниот трибунал за злосторства против жените, таа сведочи за бројни примери на смртоносни форми на машко насилство врз жените и девојчињата од различни култури ширум светот. Намерата на Расел била да го политизира терминот и да го привлече вниманието на мизогинијата што ги предизвикува овие смртоносни злосторства врз жените, за кои таа рече дека родово-неутралните термини како убиството не го прават. Расел, која била збунета поради недостатокот на одговор на женските групи во Соединетите Држави на употребата на терминот „фемицид“ продолжи да се залага за употреба на „фемицид“ за женските групи во Соединетите држави и ширум светот. Таа објасни дека за да се справиме со овие екстремни злосторства врз жените, неопходно е да се признае дека како и злосторствата од омраза врз основа на раса, „фемицидите се [исто така] смртоносни злосторства од омраза“, и дека повеќето убиства на жени од мажи се „екстремни манифестации на машка доминација и сексизам“.[10]

Во 1993 година, Расел иницира организација наречена Жени обединети против инцестот, која ги поддржува преживеаните од инцест со правна помош против нивните сторители. Слично на тоа, таа ја создава првата ТВ програма во Јужна Африка каде што преживеаните од инцест зборуваат лично за нивните искуства.[11]

Феминистичките движења во многу земји во Латинска Америка, како во Мексико, Гватемала, Костарика, Чиле и Ел Салвадор, меѓу другите, ја прифатија употребата на политизираниот „фемицид“ на Расел и успешно го искористија социјално, политички и легално за да се справат со смртоносното насилство против жените во нивните земји.[12] Во 1992 година, таа ја ко-уредува антологијата, Фемицид: Политиката на убиства на жени.

Друго

уреди

Во 1977 година, Расел постанала соработничка на Женскиот институт за слобода на печатот.[13] Институтот е американска непрофитна издавачка организација. Организацијата работи на зголемување на комуникацијата меѓу жените и поврзување на јавноста со форми на медиуми базирани на жени.

Дела

уреди

Книги

уреди
  • Russell, Diana E. H. (1974). The politics of rape: the victim's perspective. New York: Stein and Day. ISBN 9780812816570. OCLC 1165996.
  • Russell, Diana E. H. (1975). Rebellion, revolution and armed force: comparative study of fifteen countries with special emphasis on Cuba and South Africa. New York: Academic Press. ISBN 9780127857459. OCLC 886393.
  • Russell, Diana E .H.; van de Ven, Nicole (1976). Crimes against women: international tribunal proceedings. Millbrae, California: Les-Femmes Publishing. ISBN 9780890879214. OCLC 2464570. Conference proceedings.
  • Russell, Diana E. H.; Star, Susan; Linden, Robin Ruth; Pagano, Darlene R. (1982). Against sadomasochism: a radical feminist analysis. East Palo Alto, California: Frog in the Well. ISBN 9780960362837. OCLC 7877113.
  • Russell, Diana E. H. (1984). Sexual exploitation: rape, child sexual abuse, and workplace harassment. Beverly Hills, California: Sage. ISBN 9780803923553. OCLC 10696523.
  • Russell, Diana E. H. (1986). The secret trauma: incest in the lives of girls and women. New York: Basic Books. ISBN 9780465075966. OCLC 12974265.
  • Russell, Diana E. H. (1989). Exposing nuclear phallacies. New York: Pergamon Press. ISBN 9780080364759. OCLC 18625199.
  • Russell, Diana E. H. (1989). Lives of courage: women for a New South Africa. New York: Basic Books. ISBN 9780465041404. OCLC 19723691.
  • Russell, Diana E. H. (1990). Rape in marriage. Bloomington, Indiana: Indiana University Press. ISBN 9780253205636. OCLC 8451646.
  • Russell, Diana E. H.; Radford, Jill (1992). Femicide: the politics of woman killing. New York Toronto: Twayne Publishers. ISBN 9780805790283. OCLC 25367570. Front cover.
  • Russell, Diana E. H. (September 1993). Against pornography: the evidence of harm. Berkeley, California: Russell Publishing. ISBN 9780963477613. OCLC 29988342.
  • Russell, Diana E. H. (December 1993). Making violence sexy: feminist views on pornography. Buckingham: Open University Press. ISBN 9780335192007. OCLC 27106001.
  • Russell, Diana E. H. (1997). Behind closed doors in White South Africa: incest survivors tell their stories. Jo Campling (consulting editor). New York: St Martin's Press. ISBN 9780312173753. OCLC 36066137.
  • Russell, Diana E. H. (1998). Dangerous relationships: pornography, misogyny and rape. Thousand Oaks, California: Sage. ISBN 9780761905257. OCLC 38257798.
  • Russell, Diana E. H.; Bolen, Rebecca M. (2000). The epidemic of rape and child sexual abuse in the United States. Thousand Oaks, California: Sage. ISBN 9780761903024. OCLC 43384742.
  • Russell, Diana E. H.; Harmes, Roberta A. (2001). Femicide in global perspective. New York: Teachers College Press. ISBN 9780807740477. OCLC 45304762.

Поглавја во книги

уреди
  • Russell, Diana E. H. (1983). „Research on how women experience the impact of pornography“. Во Copp, David; Wendell, Susan (уред.). Pornography and censorship. Buffalo, New York: Prometheus Books. ISBN 9780879751821.
  • Russell, Diana E. H. (1992). „Nikki Craft: Inspiring protest: Introduction“. Во Russell, Diana E. H.; Radford, Jill (уред.). Femicide: the politics of woman killing. New York Toronto: Twayne Publishers. стр. 325–327. ISBN 9780805790283. Pdf.
Исто така види:
Неверојатниот случај на отпечатоците на Stack o' Wheat од Ники Крафт стр. 327-331.
Доказ за болка од DA Clarke стр. 331–336.
Дивеењето против Пентхаус од Мелиса Фарли стр. 339–345.
  • Russell, Diana E. H. (2002). „Pornography causes violence“. Во Cothran, Helen (уред.). Pornography. Opposing Viewpoints series. San Diego, California: Greenhaven Press. стр. 48–51. ISBN 9780737707601. OCLC 45698745. Series editors: Mary E. Odom and Jody Clay-Warner.
  • Russell, Diana E. H. (2011). „Russell's theory: exposure to child pornography as a cause of child sexual victimization“. Во Tankard Reist, Melinda; Bray, Abigail (уред.). Big Porn Inc.: exposing the harms of the global pornography industry. North Melbourne, Victoria: Spinifex Press. стр. 181–194. ISBN 9781876756895.

Наводи

уреди
  1. Diana Russell
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Biography“. DianaRussell.com. Посетено на 13 April 2012.
  3. „Humanist Heroines: Recipients“. American Humanist Association. Архивирано од изворникот на 13 May 2012. Посетено на 13 April 2012.
  4. Russell, Diana E. H. Dangerous Relationships: Pornography, Misogyny, and Rape, Sage Publications, 1998, ISBN 0-7619-0525-1, p 205
  5. Seelye, Katharine Q. (9 August 2020). „Diana Russell, 81, Activist Who Studied Violence Against Women, Dies“. New York Times. 169 (58780). стр. A27. Посетено на 9 August 2020.
  6. „Diana Russell obituary“. The Times (англиски). 5 October 2020.
  7. „Biography of Diana E. H. Russell, Ph.D.“. www.dianarussell.com. Посетено на 14 November 2017.
  8. „Rebellion, Revolution, and Armed Force“. Elsevier.
  9. On "Femicide", newrepublic.com; accessed 1 June 2015.
  10. Aaron Shulman (29 December 2010). „The Rise of Femicide: Can Naming A Crime Help Prevent It?“. The New Republic. Посетено на 1 June 2012.
  11. „Political Actions“. www.dianarussell.com. Посетено на 7 April 2017.
  12. Diana E. H. Russell (5 October 2011). "Femicide" – The Power of a Name“. Women's Media Center. Посетено на 1 June 2012.
  13. „Associates |  The Women's Institute for Freedom of the Press“. www.wifp.org (англиски). Посетено на 21 June 2017.