Дијамантски фазан

Дијамантски фазан
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Потсемејство: Фазани
Род: Вратнички фазани
Вид: Дијамантски фазан
Научен назив
Chrysolophus amherstiae
Leadbeater, 1829

Дијамантски фазан (науч. Chrysolophus amherstiae) — птица од семејството на фазаните (Phasianidae) во склоп на редот на кокошковидните (Galliformes).

Птицата е со потекло од југозападна Кина и Бурма, но подоцна одведена и на други места. Денес позначаен број има во Англија, и тоа највеќе во грофовијата Бедфордшир. Примероци од ова животно може да се погледаат во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Распространетост и живеалиште

уреди

Овој вид е домороден во југозападна Кина и крајниот северен Мјанмар, но бил воведен на друго место. Претходно, во Англија бил воспоставено самостојно диво население, чие упориште било во Западен Бедфордшир. Дамата Амхерст најпрво го вовела украсниот фазан на нејзините имоти, во близина на опатијата Вобурн на војводата од Бедфорд, каде што птиците биле стрелани и заради дивеч и спарувани.[3] Сепак, од крајот на 2015 година, се веруваше дека е искоренета во Велика Британија, без потврдени видувања од март 2015 година. Сепак, на почетокот на март 2021 година, дијамансткиот фазан бил забележан во една градина во Шкотска.[4]

Изглед и поведение

уреди

Возрасниот мажјак е долг 100–120 см, од кои само опашката е долга 80 см. Има изразена сиво-црна глава, долга сива опашка и задник. Перјето на телото е со црвена, сина, бела и жолта боја. Има и „плашт“, кој го крева кога се перчи.

Женката има многу поскромен изглед, со прошано кафеаво перје по целото тело, слично на женката на обичниот фазан, но со поситни пруги. Многу личи и на женката на златниот фазан, но има потемна глава и почист долен дел од женката на другите видови.

Иако мажјакот е упадлив по изглед, овие птици сепак тешко се забележуваат во својата природна средина, која се состои од густи темни шуми, со исто така густа ниска растителност. Поради ова, многу малку се знае за нивното поведение во дивина.

Се хранат на земја со семиња, листови и безрбетници, но преноќуваат на гранки од дрва. Можат да летаат, иако претпочитаат да трчаат, но кога ќе се уплашат, нагло и бргу излетуваат со звук од крилјата.

Мажјакот има груб извик во сезоната на парење.

Овој вид е во блиско сродство со златниот фазан (C. pictus), дотолку што воведените населенија на овие две птици во Англија крвно се мешаат.

Научно име

уреди

Научното име во чест на грофицата Сара Амхерст, сопруга на ерлот Вилијам Пит Амхерст, главен управник на Бенгал, кој прв во 1828 година испратил примерок од ова животно во Лондон.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Chrysolophus amherstiae. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
  2. „Дијамантски фазан“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-02. Посетено на 17 мај 2015.
  3. Fitter, стр. 86
  4. https://www.msn.com/en-us/video/animals/colorful-bird-thought-to-be-extinct-in-the-uk-captured-on-video-walking-about-in-scotland/vi-BB1esiaP?ocid=msedgntp
Библиографија
  • Briggs, M.; Briggs, P. (2009). The Natural History of the British Isles. Бат, Обединето Кралство.
  • Fitter, R.S.R. (1955) [1952]. The Pocket Guide of British Birds. Лондон: Колинс.
  • Peter Scott (1969). Book of British Birds. Лондон.

Надворешни врски

уреди