Димитар Киров Наковски ( 1922 во Шлегово, Кратовско30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Димитар Наковски
Роден 1922 година
Шлегово, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 30 декември, 1944 година
Гнилане, Косово
Националност Македонец

Животопис

уреди

Одраснал во сиромашно семејство. Татко му бил ѕидарски работник, кој за да го прехрани своето семејство одел на работа ѕидајќи во градот Кратово и блиските и подалечни села, но не секогаш наоѓал работа. Димитар по завршувањето на основното четиригодишно училиште во родното место, немајќи средства за натамошно школување, татко му, го дал на изучување шивачки занает. Кога поодраснал работел како калфа кај приватни мајстори за минимална дневница. За време на окупацијата, окупаторските власти го мобилизирале да служи во бугарската војска. Со ослободувањето на Кратово и околината, тој пристапил во Месната команда во Кратово, а подоцна во редовите на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Земал учество во борбите до конечното ослободување на Македонија. Загинал во борбите со остатоците од балистичките банди на 30 декември 1944 година во околината на Гнилане.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 44.