Дилан Дог
Дилан Дог — италијанска серија стрипови во жанрот ужаси, каде главниот лик е истражувач на паранормалното. Стрипот е создаден од Тициано Склави за италијанската издавачка куќа Серџо Бонели Едиторе. Иако е печатен во Италија, дејството на стрипот главно се одвива во Лондон, каде живее главниот лик, иако одвреме-навреме патува секаде. Дарк Хорс Комикс ја печател англиската верзија на Дилан Дог. Исто така овој стрип е печатен во Хрватска, Србија, Косово, Данска, Холандија, Полска, Шпанија и Турција. А кај нас моментално се печати од страна на издавачката куќа М-комикс.
Историја на стрипот
уредиДилан Дог е измислен од Тицијано Склави, италијански пишувач на стрипови и романи, а цртаниот дел во почеток бил главно на Клаудио Вила, а кој инспирацијата за ликот ја добил од англискиот глумец Руперт Еверет, од неговата улога во филмот Друга земја,[1] а денес а негово место има многу меѓу кои најпознат е Корадо Рои. Првиот број е излезен во 1986 година
За ликовите
уредиДилан Дог е истражувач на ноќните мори, кој е во банкрот. Неговата облека е карактеристична: секогаш се облекува на ист начин, црвена маица, црна јакна и сини фармерки. Купил дванаесет исти облеки после смртта на неговата девојка Лили Коноли. Дури и на лошо време, тој никогаш не носи палто или чадор, бидејќи како што самиот вели - „палтото ќе му го уништи имиџот“, а за чадорот смета дека е „бескорисен пронајдок. Посебно кога не врне.“
Еден од главните ликови е неговиот помошник Гручо, кој е двојник на познатиот комичар Граучо Маркс. Тука е и инспекторот Блок, кој му бил шеф на Дилан Дог додека работел во Скотланд Јард и претставува татковска фигура (тој всушност го нарекува Дилан Дог „Старо момче“), иако Дилан започнал приватен бизнис како истражувач специјализиран за натприродни појави. Блок и Дилан често си помагаат еден на друг. Блок е порационален и поприземен од Дилан и често ги отфрла објаснувањата за натприродното. Тој е стар, но способен полицаец кој сонува за пензија.
Дилан живее со Гручо во мал стан, а ѕвончето пред врата има звук на врескање. Негово хоби е свирење кларинет и правење макета на брод, кој никогаш не го доправа. Има многу фобии, вклучувајќи клаустрофобија, страв од лилјаци и акрофобија. Никогаш не патува со авион. Некогаш бил алкохоличар, но сега повеќе не пие. Вегетаријанец е. Не сака да користи мобилен телефон, а за запишување на своите мемоари користи мастилница и перо со пердув. Сака литература, посебно поезија, музика (од класична музика до хеви метал) и хорор филмови. Постојано е без пари, но како да не се грижи многу за парите. Всушност, првиот совет кој обично им го дава на клиентите е да појдат на психијатар или психолог.
Не верува во случајности.
Безнадежно е романтичен, кој се вљубува и ја губи новата девојка во речиси секој број на стрипот. Всушност, во најголемиот број случаи, неговите клиенти се жени со кои има сексуална врска.
Изданија
уредиСеријата се појавила за првпат во октомври 1986 година, со бројот со наслов "Зората на живите мртовци" (L'alba dei morti viventi), која ја осмилил Тицијано Склави, а ја илустрирал Анѓело Стано. Ова се покажало како голем издавачки успех во годините кои следеле. Во мај 2003 година излегол бројот двесте, кој го осмислила Паола Барбато, а го илустрирал Бруно Бриндизи. Од тогаш се појавиле и други изданија со текот на времето како Макси Дилан Дог изданијата, специјалните броеви и сл.
Влијанија
уредиЗабележано е дека италијанскиот писател Умберто Еко рекол: „Можам да ја читам Библијата, Хомер или Дилан Дог со денови без да ми здосади.“[2]
Филм
уредиДилан Дог: Длабока ноќ
Кевин Манро е режисерот на американскиот филм работен според стрипот Дилан Дог, со Брендон Рут во главна улога. Разликите со стрипот се следниве: дејството се одвива во Њу Орлеанс наместо во Лондон; Гручо е заменет со лик по име Маркус (бидејќи продуцентите не можеле да обезбедат права за користење на ликот и името на Граучо Маркс), и уште една разлика е во тоа што автомобилот што го вози Дилан Дог, Буба Фолксваген, е црн со бел покрив, наместо обратно како што е во стрипот. За премиера на филмот се најавуваше Хелоуин 2010 во Италија, но одложено е за март 2011 година. Филмот е во продукција на независната компанија Platinum studios.
Обожавателите сепак биле незадоволни од филмот поради отстранувањето на Гручо и преместувљњето од Лондон па затоа се појавиле нелиценсирани филмови од обожаватели како Дилан Дог Жртва на случкте (Vittima degli eventi ) кои се достапни бесплатно.
Наводи
уреди- ↑ Italian Dylan Dog fan site (Italian)
- ↑ Eco Umberto in Ostini Alberto (1998), Dylan Dog, indocili sentimenti, arcane paure, «Umberto Eco e Tiziano Sclavi. Un dialogo», Milan, Euresis)
Надворешни врски
уреди- Дилан Дог на Curlie (англиски)
- Bonelli Comics
- Dark Horse Info Архивирано на 28 јануари 2016 г.
- Dylan Dog Special (португалски)
- Website Dylan Dog on TexBR (португалски)
- Tiziano Sclavi/Dylan Dog-Portrait
- Dylan Dog, Spanish edition Архивирано на 8 март 2009 г.