Дикхолцен
Дикхолцен (германски: Diekholzen) — село и слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 6 километри југозападно од Хилдесхајм, на Бојстер, притока на Инерсте.
Дикхолцен | |
Црквата „Св. Јаков“ (1656) во Дикхолцен | |
Грб на Дикхолцен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хилдесхајм |
Градоначалник | Јирген Мајер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 30,21 км2 |
Население | 6.283 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 208 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HI |
Пошт. бр. | 31199 |
Повик. бр. | 05121 and 05064 |
Портал | www.diekholzen.de |
Местоположба на Дикхолцен во рамките на округот Хилдесхајм | |
Координати | 52°6′0″N 9°56′0″E / 52.10000° СГШ; 9.93333° ИГД |
Во 1974 година, поранешните села Дикхолцен, Зере, Бариенроде и Егенштет се соединиле за да ја создадат општината Дикхолцен. Секое село има своја историја и посебни знаменитости. Повеќе жители се римокатолици. Најголемо село е Дикхолцен, каде се сместени општината, училиштето, здравствен дом, неколку продавници, супермаркет, ресторани и хотел. Неколкупати на ден, секое село е поврзано со автобус со Хилдесхајм и со Алфелд.
Географија
уредиМестоположба
уредиДикхолцен се наоѓа јужно од Хилдесхајм во северниот крај на Хилдесхајмската Шума. Низ местото Егенштет тече реката Инерсте. Местата Дикхолцен и Зере се наоѓаат во долината на Бојстер, притока на Инерсте. Хилдесхајмската Шума со Штајнберг на височина од 322,9 метри.
Соседни општини
уредиНа север се граничи со градот Хилдесхајм. Источно и јужно се наоѓа градот Бад Залцдетфурт. Од општинската заедница Зибесе се граничи со Алмштет и Зибесе. Општината Дешпетал од општинската заедница Гронау (Лајне) се граничи на запад со општината.
Општински единици
уредиОпштината Дикхолцен е поделена на Дикхолцен (3.062 жители), Бариенроде (1.720), Зере (1.377) и Егенштет (663).
Галерија
уреди-
Протестантска црква (1963) во Дикхолцен
-
Фахверк куќа во Дикхолцен
-
Капела (1996) на реката Бојстер во Дикхолцен
-
Споменик за рудари во Дикхолцен
-
Природен парк Зере
-
Спомен-плоча во Зере
-
Црквата „Св. Никола“ (1734) во Бариенроде
-
Камен крст (1860) во Бариенроде
Личности
уреди- Јохан Фридрих Руте (1788-1859) — предавач, ботаничар и ентомолог
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Дикхолцен на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)