Дејв Брубек
Дејв Брубек (англиски: Dave Brubeck) (6 декември 1920 - 5 декември 2012) бил познат американски џез пијанист и композитор.
Творештво
уредиБрубек започнал да се занимава со музика во 1940-тите. Најголемите музчики успеси ги постигнал во 1950-тите и 1960-тите, со својата група "Дејв Брубек" квартет. Од тоа време потекнува албумот "Time Out", издаден во 1959 година, чиишто невообичаени и комплексни тактови поставиле нови стандарди во џез-музиката. На овој албум се наоѓа и песната "Take Five" (компонирана од долгогодишниот соработник на Брубек - саксофонистот Пол Дезмонд), која претставува најпродаван џез-сингл на сите времиња. Оваа песна подоцна станала заштитен знак на концертите на "Дејв Брубек квартет", при што, при нејзината изведба, музичарите на напуштале сцената еден по еден, секој по завршувањето на своето соло, за на крајот да остане само тапанарот Џо Морело. "Дејв Брубек квартет" ја прекинал работата во 1967 година, но повремено настапувал до смртта на Пол Дезмонд во 1977 година. Подоцна, Брубек продолжил да компинира до неговата длабока старост. Својот последен албум "Indian Summer" го издал во 2007 година.
Како признание на неговото значење за развојот на џез-музиката, уште додека бил жив, Брубек бил прогласен за жива легенда од страна на Американската конгресна библиотека. Неговите најпознати композиции се "Take Five" и "Blue Rondo a la Turk". Исто така, познати се неговите турнеи заедно со легендите на џезот Дјук Елингтон и Ела Физџералд.
Брубек починал од срцев удар, во средата наутро, на 5 декември 2012 година, во една болница во Конектикат, само еден ден пред својот деведесет и втор роденден.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Џез-пијанистот Дејв Брубек замина во легендите“, Дневник, година XVI, број 5034, петок, 7 декември 2012, стр. 27.