Десетте лаги на македонизмот (книга)

Десетте лаги на македонизмот (бугарски: Десетте лъжи на македонизма) е книга од историчарот Божидар Димитров, директор на бугарскиот Национален историски музеј, во која главно се негира постоењето на етнички Македонци и нивната историја.

Корица на книгата

Структура

уреди

Според Димитров, македонизмот оперира со 10 основни лаги:

  1. Современа Македонија и македонскиот народ - наследници на Античка Македонија и античките Македонци
  2. „Чистите Македонски Словени" и „Бугарите - Татари"
  3. Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски, Свети Наум Охридски, свети Гораст, свети Сава, свети Ангелариј - „Македонски просветители" и „автори на македонската азбука"
  4. „Македонскиот" цар Самуил и неговата „македонска" држава
  5. Охридската архиепископија (1019-1767 г.) - македонска црква"
  6. За „македонските преродбеници" и за „Бугарската егзархија" - која го завладеала „македонскиот" народ
  7. ВМРО - организација на „Македонци" за ослободување на „македонскиот народ"
  8. Крсте Петков Мисирков - Македонец број 1 за XX век"
  9. Херојската борба на македонскиот народ против „бугарските“ окупатори 1941-1944 г.
  10. За радоста на Македонците од нивното повторно вклучување во Југославија во 1944 г. и 250.000-те „Македонци" во Бугарија

Надворешни врски

уреди