Национална републиканска партија (САД)

Национална републиканска партија (позната и како Антиџексонска партија) — поранешна американска политичка паритја. За време на администрацијата на Џон Квинси Адамс (1825-1829), поддржувачите на претседателот биле познати како „луѓето на Адамс“ или „антиџексонци“. Кога Ендру Џексон бил избран за претседател на САД во 1828 година, оваа партија станала опозиција. Користењето на поимот „национално-републиканска“ датира од 1830 година.

Национална републиканска партија
англиски: National Republican Party
ВодачиЏон Квинси Адамс,
Даниел Вебстер,
Хенри Клеј
Основана1825
Распуштена1833
Отцепена одДемократско-републиканска партија
Припоена конВиговска партија
ИдеологијаЏеферсонизам
Национален систем
Бои     жолта
Политика на САД
Политички партии
Избори

Историја

уреди

Пред стапувањето на Џон Квинси Адамс на функцијата претседател во 1825 година, Демократско-републиканската партија која тогаш била единствена американска национална партија повеќе од една деценија почнала да се поделува губејќи го својот идентитет. Не се состанувале јавните гласања поради тоа што почнале да се развиваат различни интереси. По изборите во 1824 се формирале фракции кои ги поддржувале Адамс и Ендру Џексон. Политичарите кои го поддржувале Адамс, вклучувајќи ги и повеќето поранешни федералисти како Данеил Вебстер и Адамс, постепено ја формирале Националната републиканска партија, а оние политичари кои го поддржувале Џексон ја формирале денешната Демократска партија.

Таканаречената ад хок коалиција која што го поддржувала Џон Квинси Адамс се распаднала по поразот на изборите во 1828. Главната опозиција за време на новиот претседател Џексон, била Националната републиканска партија или антиџексонците формирана и водена од страна на Хенри Клеј. Го споделувала истиот националистички пристап како луѓето на Адамс, и сакале да се користат националните ресурси со цел да се изгради силна економија. Платформата на Клеј била национален систем финансиран преку внатрешните реформи како и протекционистичка тарифа која би овозможила економски развој. Притоа, обидувајќи се да ги обедини интересите на двата различни региони, партијата се стремела кон тоа да промовира национално единство и хармонија.

Националните републиканци гледале на Унијата како корпоративна, органска целина. Оттука произлегуваат и идеите на Клеј за неговите гледишта кон националниот интерес. Спротивно на ова, тие немале почит кон оние кои се идентификувале како „партиски“ политичари поради додворувањето на локалните интереси на сметка на националниот интерес.[1] Партијата се состанала на национална конвенција при крајот на 1831 и го номинирала Клеј како кандидат за претседател додека Џон Сарџент за потпретседател.

Виговската партија се создала во периодот помеѓу 1833 и 1834 година по поразот на Клеј како претставник на коалицијата на националните републиканци, заедно со Антимасонската партија, џексонците и луѓето чија последна активност била во Федералистичката партија една деценија порано. Накратко, се формирала Виговската партија со помош на останатите помали партии во коалиција против претседателот Џексон и неговите реформи.

Наводи

уреди
  1. Brown (1985), p. 20.