Декларација за независност на Естонија
Естонската декларација за независност, исто така позната како Манифест на народите на Естонија (естонски: Manifest Eestimaa rahvastele) — основачки акт на Република Естонија од 1918 година. Се прославува на 24 февруари, како национален ден или Денот на независноста на Естонија.
Декларацијата била изготвена од Комитетот за спас на Естонија, избран од старешините на Провинцискиот парламент на Естонија. Првично требало независноста да биде прогласена на 21 февруари 1918 година, но итото било одложено до вечерта на 23 февруари, кога бил објавен манифестот и јавно се прочитал во Перну. Наредниот ден, 24 февруари, манифестот бил отпечатен и дистрибуиран во главниот град Талин[1][2].
Историски контекст
уредиЗа време на Првата светска војна, по повлекувањето на руските војници и приближувањето на германските сили до Естонија, Комитетот за спас на Естонскиот национален совет, ја прогласил независноста на Естонија на 24 февруари 1918 година. Германското Царство не ја признала новата Република Естонија. Сепак, по поразот на Централните сили во Првата светска војна во ноември 1918 година, Германија ги повлекла своите војници од Естонија и формално ја предала власта во Естонија на Естонската привремена влада на 19 ноември[3]. Во следниот период следела руската болшевичка инвазија и Естонската војна за независност. На 2 февруари 1920 година, Тартскиот договор бил потпишан од Република Естонија и болшевичката Русија[4]. Република Естонија добила меѓународно признание и станала членка на Лигата на народите во 1921 година.[5].
Наводи
уреди- ↑ Arjakas, Küllo (23 February 2008). „23. ja 24. veebruar 1918: kuidas iseseisvust kuulutati“. Postimees. Архивирано од изворникот на 26 February 2008. Посетено на 24 February 2008. (естонски)
- ↑ Vahtre, Lauri (23 February 2007). „89 aastapäeva – sinimustvalgega ja ilma“. Postimees. Архивирано од изворникот на 2 March 2007. Посетено на 24 February 2008. (естонски)
- ↑ Rosenthal, Reigo (3 октомври 2012). „World War I“. Estonica. Архивирано од изворникот на 27 јуни 2017. Посетено на 24 февруари 2017.
- ↑ Rosenthal, Reigo (3 октомври 2012). „Estonian War of Independence“. Estonica. Архивирано од изворникот на 12 мај 2017. Посетено на 24 февруари 2017.
- ↑ Pajur, Ago (3 октомври 2012). „Years of parliamentarian democracy“. Estonica. Архивирано од изворникот на 31 мај 2017. Посетено на 24 февруари 2017.
Надворешни врски
уреди- Estonian Declaration of Independence, 24 February 1918 at www.president.ee