Методиј Дебарско-кичевски
(Пренасочено од Дебарско-кичевски г. Методиј)
Методиј Дебарско-кичевски бил митрополит на Дебарско-кичевската епархија при Македонската православна црква во периодот од 1968 до 1976 година.
Методиј Дебарско-кичевски | |
---|---|
Дебарско-кичевски митрополит | |
На должноста 1968 – 1976 | |
Претходник | нема |
Наследник | Ангелариј |
Лични податоци | |
Роден(а) | 27 март 1914 Прилеп |
Починал(а) | 25 февруари 1976 Охрид |
Националност | Македонец |
Професија | Митрополит на МПЦ-ОА |
Вероисповед | Православен христијанин |
Роден на 27 март 1914 во Прилеп со световното име Ѓорѓи Попоски. На 27 октомври 1936 година бил ракоположен за ѓакон, а за свештеник во јули 1937 година. На 13 март 1966 година бил избран за епископ Велички, а во 1968 година бил востоличен за Митрополит Дебарско-кичевски, со која управувал до неговото упокојување на 25 февруари 1976 година[1].
Неговото вечно почивалиште се наоѓа во црквата Света Богородица - Каменско, Охрид.
Наводи
уреди- ↑ „Дебарско-кичевската епархија“. Архивирано од изворникот на 2014-08-17. Посетено на 2013-02-18.