Шамбор (дворец)

(Пренасочено од Дворец Шамбор)

Дворецот Шамбор (француски: Château de Chambord) кај Шабмор (департман Лоар и Шер) е еден од најпознатите и најубавите дворци во светот познат по својата варијанта на француска ренесансна архитектура, комбинирана со средновековна традиција.

Дворецот Шамбор, поглед од север.

Дворецот се наоѓа во долината на Лоара во северозападна Франција,сместен помеѓу градовите Тур и Орлеан.

Дворецот Шамбор е најголем меѓу дворците во долината на Лоара,иако првичната намена му била да биде павиљон за лов на кралот Франсоа I. Дворецот вкупно располага со 440 соби и парк од 4563 ha. Дворецот во 1981 година е ставен под заштита на УНЕСКО.