Палата Константин Порфирогенит Палеолог

Палатата Константин Порфирогенит (Палеолог) или Дворец Порфирогенит (турски: Tekfur Sarayı) е палата која се наоѓа во Истанбул, Турција. Во минатото, оваа палата била користена како резиденција од страна на византиските цари, и денеска овој објект е единствениот “преживеан“ од целиот царски комплекс кој постоел некогаш. По падот на Цариград, објектот бил користен за најразлични цели, како чување на камили, бордел и слично за да во текот на 17 век потполно биде напуштен. Денеска, објектот за јавноста е затворен, освен за некои групи кои треба да поседуваат посебна дозвола за влез и покрај тоа што објектот се наоѓа во склопот на просторот кој од страна на УНЕСКО е вклучен во списокот на светско и културно наследство. Во 2006 година започнала реставрација на објектот.

Палата Константин Порфирогенит
Tekfur Sarayı
Поглед кон некогашната византиска резиденција
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција
Почната8 век

Византиско време уреди

Дворецот се наоѓа во склопот на Цариградските ѕидини и во составот на некогашниот комплекс на палатата Влахерна на Златниот Рог. Некогашната резиденција била изградена во текот на 8 век, но се смета дека на истото место постоела и друга градба, за кое сѐ уште не се знае за што конкретно била користена. По падот на Латинското Царство во 1261 година, објектот го добил името по синот на Михаил VIII Палеолог, Константин Порфирогенит - кој се родил истата година[1] и кој до крајот на векот ја проширил и целосно реконструирал. На фасадата се наоѓаат хералдички симболи од династијата на Палеолозите а палатата се состоела од три спрата. Денеска се познати два цртежи од палатата, од кои едниот датира од 1420 година под името Палата на царот додека вториот е од 1559 година. Последниот византиски цар овде ги доживеал неговите последни мигови од животот пред градот да падне во раце на Османлиското Царство. Претходно во времето на граѓанската војна палатата исто така била користена од Андроник III Палеолог и Јован Кантакузин.

Османлиско време уреди

Во времето на османлиската опсада, објектот претрпел големи оштетувања. Во османлиско време дворецот бил познат како Текфур Сарај, кое во превод значи Царски дворец. По падот на градот, објектот бил користен за најразлични цели, како чување на камили, слонови, жирафи и слично. Во 16 век некој човек по име Белон запишал дека ја видел во урнатини оваа античка палата која Османлиите ја користеле за да ги прехранат своите слонови и други послушни животни. Во 1719 година објектот започнал да работи како керамичка работилница додека подоцна како фабрика за стакло. Во 1900 година во овој реон живееле голем број на Евреи кои во палатата произведувале прекрасни плочки според оние од Изник. Палатата била напупштена и изгорена во 1911 година.

Архитектура уреди

Палатата претставувала трикатна зграда која се наоѓа помеѓу внатрешните и надворешните утврдувања на северниот дел од Теодосиевите ѕидини. Приземјето се состои од аркада (лак меѓу два столбови) со четири арки, додека на вториот спрат на фасадата се наоѓаат пет големи прозорци. Источно се наоѓа остаток од балкон. Кровната конструкција и сите спратови од објектот се срушени. Денеска не е познато кога точно палатата го изгубила својот покрив. Според мапи од XVIII век покривот сѐ уште стоел. Останатите ѕидови се богато украсени со геометриски дизајн.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Treadgold (1997), p. 746

Извори уреди

  • Freely, John (2000). Blue Guide Istanbul. W. W. Norton & Company. ISBN 0393320146.
  • Cruikshank, Dan (1996). Sir Banister Fletcher's A History of Architecture. Architectural Press. ISBN 0750622679.
  • Blair, Shelia (1996). The Art and Architecture of Islam, 1250-1800. Yale University Press. ISBN 0300064659.
  • Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford University Press. ISBN 0804726302.
  • van Millingen, Alexander (1899). Byzantine Constantinople: The Walls of the City and Adjoining Historical Sites. London: John Murray Ed.

Надворешни врски уреди

Галерија уреди

41°02′02″N 28°56′25″E / 41.03389° СГШ; 28.94028° ИГД / 41.03389; 28.94028