Даут Реџепи
Даут Реџепи - Лека (албански: Daut Rexhepi; Порој, Тетовско, 6 јануари 1966) — македонски политичар и поранешен член на ОНА. Реџепи завршил факултет по историја.[1].
Даут Реџепи Daut Rexhepi | |
---|---|
Прекари | Лека |
Род | ОНА |
Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Завршил воена обука во кампови во Албанија. На 21 јануари 2001 година учествувал во напад на полициска станица во Теарце, со браќата Раим и Изаир Самии од селото Шемшово, Мухарем Велиу и Семи Хебиби од Тетово. Во текот на конфликтот во Македонија бил командант на ОНА во 112 регионална бригада во Тетовско. Во едно интервју од 25 октомври 2001 година, на новинарско прашање дали е одговорен за киднапирање, убивање и масакрирање на цивили, тој одговорил:„ Извинете, но мене ми е забрането да зборувам,... Не смеам да зборувам. Треба да разберете дека има некој што и нам ни забранува да зборуваме. Но, не очекувајте да ви кажам кој е тој“.
На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна список на граѓани[2]
Од страна на ДПА на 10 јули 2002 бил промовиран за потпреседател на партијата, каде станал пратеник. Денеска, тој е независен пратеник во македонското собрание.
Наводи
уреди- ↑ „Собрание на Република Македонија: Даут Реџепи“. Посетено на 2011-02-18.
- ↑ „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.