Дарко Мариновски
Дарко Мариновски (Скопје, 12 јуни 1974) ― редовен професор при Катедрата за композиција и инструменталниот оддел на ИУ Еуропа Прима - Скопје.[1]
Дарко Мариновски | ||
Роден | 12 јуни 1974 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | универзитетски професор, пијанист | |
Татко | Димитри Мариновски | |
Мајка | Мартина Мариновски |
Животопис и кариера
уредиТој е роден во Скопје на 12 јуни 1974 година. Мариновски има завршено во основното и средно училиште „Илија Николовски - Луј“ (1982-1993). Тој ги започнал академските студии во 1994 година на ФМУ во Скопје во класата на професорот Борис Романов. Дипломирал во 1997 година и потоа веднаш продолжил на магистерски студии во класата на Јасминка Чакар, исто на ФМУ.[1] Веднаш по дипломирањето се вработил како професор по пијано во „Илија Николовски - Луј“,[1] каде што работел до 2008 година. Истата година, се префрлил односно вработил како доцент на ЕСРА (денес наречен Интернационален универзитет „Еуропа Прима“). Во 2009 година станал декан на Факултетот за применета музика. Во 2012 година бил назначен за вонреден професор, а од 2016 година се стекнал со звањето редовен професор.[1]
Настапи
уредиМариновски има настапувано на концертот во црквата „Св. Софија“ во Охрид, по повод Форумот на цивилизациите. Во 2004, 2006, 2009 и 2010 година настапувал во Рим со Борис Трајанов по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. По покана на амбасадорот Зоран Јолевски, во 2008 година, настапил на Концертот на Денот на благодарноста и Божиќ, во Вашингтон, Соединетите Држави. На овој концерт настапил и во изданието во 2011 година. По повод доделувањето на наградата „Уметникот на мирот“ на Борис Трајанов, Мариновски настапил со Трајанов во Салата на УНЕСКО во Париз во 2012 година. Дарко Мариновски имал уште еден настап во Париз, овој пат по повод Југоисточниот европски филмски фестивал (SЕЕ a Paris) во 2014 година. Во 2014 година имал уште еден меѓународен настап, во Њујорк, со нашиот познат тенор Зоран Сотиров. Потоа следеле низа на концерти низ Македонија и регионот, од кои позначајни се концертот на Фестивалот „Златна лира“ во 2016; концертите во Куманово и Штип во 2017 година; во Софија настапил со оперската пејачка Хелене Ангеловска, настап одржан во април 2018 година; настапот во Њујорк (септември 2018 година) во салонот „Klavierhouse“, со уметниците Љупчо Коскаров (труба) и Јасна Аврамовска (пијано). Во 2019 година, Мариновски настапил во Македонската филхармонија, со Јасна Аврамовска, по повод раѓањето на академик Ристо Аврамовски. Во октомври 2020 настапил повторно на „Златна лира“ со Јасна Аврамовска. Во 2021 година биле настапите во Куманово, во Домот на култура „Трајко Прокопиев“ со Јасна Аврамовска, и веднаш потоа во јули, истиот концерт, премиерно изведен во Софија на Фестивалот на искуствата, одржан во Музејот „Борис Христов“.
Награди и признанија
уредиТој бил добитник на следниве награди и признанија:
- Втора републичка награда за пијано - 1988
- Втора републичка награда за камерна музика - 1992
- Благодарница „Мајка Тереза“ - доделена од Катедралата „Св. Срце Исусово“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Дарко Мариновски“. ИУ Еуропа Прима - Скопје. Посетено на 6 декември 2021.