Дари

периско наречје во Авганистан

Дари (персиски: دری, Darī,) или дарископерсиски јазик (персиски: فارسی دری, Fārsī-ye Darī) е заеднички поим за источноперсиските дијалекти во Авганистан. Така, оваа група дијалекти се именува и како авганистанско-персиски јазик.[4][5] Иако всушност е персиски дијалект, сепак се именува како јазик бидејќи бил признаен како таков во 1964 година во Авганистан и станал службен јазик во државата покрај паштунскиот.[6][7] Дари е најзборуван јазик во Авганистан и истиот е мајчин јазик на околу 50% од вкупното население на државата.[4][8][9][10] Иранските и авганистанските дијалекти на персискиот јазик се доста разбирливи, но постојат одредени разлики во поглед на зборовниот фонд и фонологијата. Јазикот е лингва франка во Авганистан.

Дари
Авсганистанскоперсиски јазик, дарископерсиски јазик
دری
Изговор/dæˈɾi/
Застапен воАвганистан
Говорници(околу 15-18 милиони[1] во 1992–2000 г.)
Јазикот се зборува од околу 25% до 50% од населението во државата, а го разбираат околу 90% од население.[2] Јазикот исто така го разбираат околу 2,5 милиони во пакистан и Иран.[3]
Јазично семејство
Писмоперсиско писмо
Статус
Службен воАвганистан Авганистан
Регулативен органАкадемија на науките во Авганистан
Јазични кодови
ISO 639-3Разни:
prs — дари, авганистанскоперсиски
aiq — ајмачки
haz — хазарашки
Linguasphere58-AAC-ce (Dari) + 58-AAC-cdo & cdp (Hazaragi) + 58-AAC-ck (Aimaq)

Политички погледи

уреди

Самиот народ го именува јазикот како „фарси“, исто како националниот јазик во Иран. Сепак, поради политички причини Авганистан одлучул да го користи името „дари“. Јазикот е службен во Авганистан, заедно со паштунскиот. Името на овој диалект во Авганистан било променето во 1964 година.[11][12]

Наводи

уреди
  1. Таџици околу 11 милиони, Хазарани 2.5-5,5 милиони; Ајмаци 1,4 милиони
  2. Shaista Wahab (2006), Beginner's Dari, Page 1
  3. „Dari language, alphabet and pronunciation“. Omniglot.com. Посетено на 2012-08-26.
  4. 4,0 4,1 „CIA – The World Factbook, "Afghanistan", Updated on 8 July 2010“. Архивирано од изворникот на 2013-10-15. Посетено на 2012-10-06.
  5. „Documentation for ISO 639 identifier: prs“. Архивирано од изворникот на 2012-09-18. Посетено на 2012-10-06.
  6. Lazard, G. "Darī – The New Persian Literary Language", Енциклопедија „Ираника“, 2006.
  7. „The Afghans – Language Use“. United States: Center for Applied Linguistics (CAL). June 30, 2002. Архивирано од изворникот на 2011-05-04. Посетено на 24 October 2010.
  8. „Dari“. UCLA International Institute: Center for World Languages. University of California, Los Angeles. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 10 December 2010.
  9. „Languages of Afghanistan“. SIL International. Ethnologue: Languages of the World. 2005. Посетено на 16 September 2010.
  10. „Dari language“. Encyclopædia Britannica Online. Посетено на 7 December 2010.
  11. Willem Vogelsang, "The Afghans", Blackwell Publishing, 2002
  12. Declassified, Dr. Zaher said there would be, as there are now, two official languages, Pashto and Farsi, though the latter would henceforth be named Dari.

Дополнителни информации

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди