Данска во Втората светска војна

На почетокот на Втората светска војна, Данска прогласила неутралност. За поголемиот дел од војната, земјата била протекторат, а потоа окупирана територија на Германија. Одлуката за окупирање на Данска била донесена во Берлин на 17 декември 1939 година[1]. На 9 април 1940 година, Германија ја окупирала Данска во операцијата Везерибунг, а кралот и владата продолжиле да функционират де факто како протекторат над земјата до 29 август 1943 година, кога Германија ја ставила Данска под директна воена окупација, која траела до сојузничката победа на 5 мај 1945 година. Спротивно на ситуацијата во другите земји под германска окупација, повеќето дански институции продолжиле да функционираат релативно нормално до 1945 година. И Данската влада и кралот останале во земјата во непријатната врска меѓу демократскиот и тоталитаристичкиот систем, во знак на протест против германските барања за воспоставување на смртната казна за саботажа.

Седиште на Шалбург корпус, данска СС единица во Копенхаген.

Нешто повеќе од 3.000 Данци починале како директен резултат на окупацијата[2]. Дополнителни 2.000 доброволци на Слободниот Дански корпус и Вафен СС, од кои најмногу потекнуваат од германското малцинство во јужна Данска, загинале во борбата на Источниот фронт[3], додека во сојузничката служба загинале 1072 трговски морнари[4]. Севкупно, ова претставува многу ниска стапка на смртност во споредба со другите окупирани земји.

Делотворно се појавило и Движење на отпорот што се развило до крајот на војната, а повеќето дански Евреи биле спасени во 1943 година кога германските власти наредиле нивно интернирање како дел од Холокаустот.

Наводи уреди

  1. „The diaries: Quisling sealed Denmark's WWII fate“. Politico.dk. 20 December 2013.
  2. Laursen, Gert (1997). „The Occupation in Numbers“. milhist.dk. Архивирано од изворникот на 6 March 2012. Посетено на 24 December 2016.
  3. Christensen, Claus Bundgård; Poulsen, N. B.; Smith, P. S. (2006). Under hagekors og Dannebrog : danskere i Waffen SS 1940–45 [Under Svastika and Dannebrog : Danes in Waffen SS 1940–45] (дански). Aschehoug. стр. 492–494. ISBN 978-87-11-11843-6.
  4. Caruso, Jesper Dahl (20 March 2014). „Oprejsning til danske krigssejlere“. nyheder.tv2.dk. Посетено на 24 December 2016.