Далибор Грубачевиќ
Далибор Грубачевиќ (роден на 9 јануари 1975 во Копривница), е хрватски композитор, оркестратор и музички продуцент познат по авторски остварувања во областа на филмската музика.
Далибор Грубачевиќ | |
---|---|
Далибор Грубачевиќ (2021) | |
Животописни податоци | |
Родено име | Далибор Грубачевиќ |
Роден(а) | 9 јануари 1975 |
Потекло | Копривница, Хрватска |
Жанрови | Филмска музика, сериозна музика, поп, рок |
Занимања | композитор, оркестратор, музички продуцент |
Инструменти | пијано, гитара, бас гитара |
Период на активност | 1990–денес |
Издавачи | Croatia Records, Aquarius Records, HRT |
Мреж. место | daliborgrubacevic.com |
Кратка биографија
уредиДалибор Грубачевиќ е роден во Копривница, каде израснал и се школувал. Уште рано ја покажува својата музичка надареност, па уште како шестогодишник почнува да учи да свири на гитара и пијано. Подоцна во локалното "Културно-уметничко друштво" свири и тамбури. Во 90-тите години под влијание на рокенрол музиката на Битлси, се приклучува на рок составот The Bugs. Своето музичко образование го проширува и усовршува со проучување на делата од класичната музика, посетувајќи часови кај реномираниот професор Наталија Имбришак.[1][2] 1993 година се запишува на студиите за социјална работа на Правниот факултет во Загреб, но по две години ги напушта студиите и комплетно се посветува на музиката.
Соработувал со многу угледни хрватски режисери, како на пример Бранко Иштванчиќ (Дух во мочуриштето, Мост на крајот на светот), Миро Андриќ (Хрватско подводно богатство), Миро Бранковиќ (Во потрага по Марко Поло), Ненад Пуховски (Заедно), Зоран Будак (Хебранг), Вишња Старешина (Запрен глас) и други, за чии филмови создава музика. Компонирајќи филмска музика, Грубачевиќ многу успешно спојува разни музички жанрови и класична оркестрација со електронски звукови.[1]
Освен пишувајќи партитури и саундтракови за долгометражни и документарни филмови, како и музика за различни реклами филмови и рекламни кампањи, Грубачевиќ како композитор еднакво успешно делува и во светот на поп-рок и етно музиката. Освен во Хрватска, неговите композиции и музички обработки се изведени во Македонија, Црна Гора, Канада, САД, Јапонија, Велика Британија, Италија, Израел и Грузија. Соработува со многу хрватски и интернационални композитори , оркестратори и музички продуценти како Ерик Евазен, Алан Холи, квинтетот Simply Brass,[3][4] Мирослав Евачиќ,[5] Зоран Џорлев,[6] како и вокалните интерпретатори Тоше Проески,[7] Саша Лозар, Дарко Гелев – Брејк,[8] Александар Митевски[9][10], Даниел Кајмакоски[11] и Дарио Панковски.[12]
Далибор Грубачевиќ е член на Хрватското друштво на композитори и Хрватско Здружението на независни уметници.[2]
Избор на дела
уредиКомпозиции
уреди- Рондо за гудачки оркестар (2002)
- Есенски валцер за тамбурашки оркестар (2005)
- Ricordi del passato за гудачки квартет (2010)
- Две реки за квинтет лимени дувачи (2010)
- Solid Pictures за француска хорна и пијано (2014)
- Valse balkanique за квинтет лимени дувачи (2018)
- Концерт за туба и оркестар (2021)
Филмска музика
уреди- 2005 – Izgubljeno blago, документарен филм, режисер Бранко Иштванчиќ, HRT
- 2005 – Ode dućan, документарен филм, режисер Миро Бранковиќ, HRT
- 2006 – Potpis zločina, документарен филм, режисер Миро Бранковиќ, HRT
- 2006 – Duh u močvari, долгометражен игран филм режисер Бранко Иштванчиќ, HRT и Interfilm d.o.o.
- 2007 – Tesla, документарен филм - режисер Миро Бранковиќ, HRT
- 2009 – Zajedno, долгометражен документарен филм, режисер Ненад Пуховски, Factum d.o.o.
- 2010 – Zaustavljeni glas, документарен филм - режисер Вишња Старешина, HRT i Interfilm d.o.o.
- 2010 – Hebrang, документарен ТВ серијал, режисер Зоран Будак, HRT и Interfilm d.o.o.
- 2011 – Album, документарен филм, режисер Бранко Иштванчиќ, Factum d.o.o.
- 2012/2013 – Hrvatsko vodeno blago, документарен ТВ серијал, режисер Миро Андриќ, HRT и Car-Herc d.o.o.
- 2013 – Slavoljub Penkala - документарен филм, режисер Милка Баришиќ, HRT
- 2013 – U potrazi za Markom Polom, документарен ТВ серијал, режисер: Миро Бранковиќ HRT
- 2014 – Dragi Lastane!, долгометражен документарен филм, режисер:Ирена Шкориќ, Артизана филм d.o.o.
- 2014 – Most na kraju svijeta, долгометражен игран филм, режисер: Бранко Иштванчиќ, Артизана филм d.o.o. и HRT
- 2016 - Zbog tebe, долгометражен игран филм, режисер: Анджело Јуркас, ДOП продукција Д.o.o.
- 2017 - Fuck off I love you, долгометражен игран филм, режисер: Анджело Јуркас, ДOП продукција Д.o.o.
- 2018 - Повеќе од зборови, документарен ТВ серијал, режисер: Миро Бранковиќ, HRT
- 2020 – Rivers of Croatia, долгометражен документарен филм, режисер Горан Шафарек, Шафарек производство, 3BoxMedia
- 2021 - The Match, долгометражен игран филм, режисери: Доминик и Јаков Седлар, Ollendorff center, Oluja film, VISION Studios
- 2022 - The Conversation, долгометражен игран филм, режисери: Доминик Седлар, Croatia film d.o.o. & Quiet Storm production (USA)
- 2023 - Hotel Pula, долгометражен игран филм, режисери: Андреј Коровлев, Kinematograf d.o.o. & HRT (USA)
- 2024 - Vindicta, долгометражен игран филм, режисери: Доминик Седлар, Croatia film d.o.o. & Bullet Entertainment (USA)
Дискографија
уредиAвторски албуми
уреди- 2006 – Duh u močvari (оригинална музика од филмот), Кроација Рекордс, CD 5695899
- 2011 – artEdox - филмска музика, Аквариус Рекордс, CD 377-11
- 2012 – U potrazi za Markom Polom (музика од истоимениот ТВ серијал), Аквариус Рекордс, CD 467-12
- 2015 – Most na kraju svijeta (оригинална музика од филмот), Аквариус Рекордс, CD 9841093
- 2021 – Dalibor Grubačević performed by the Zagreb Soloists - Live at Tuškanac Summer Stage, Аквариус Рекордс, LP 18-21
- 2021 – The Match (оригинална музика од филмот), Plaza Mayor Company, SERG300
- 2022 – The Conversation (оригинална музика од филмот), Plaza Mayor Company, SERG323
- 2023 – The Cars We Drove Into Capitalism (оригинална музика од филмот), Reality Bytes, RB03002
- 2024 – Musical Gravities, Cantus records, 88924507039
Продукции
уреди- 2007 – ЦД Fulmination / Miroslav Evačić & Čardaš Blues Band, Кроација Рекордс, CD 5751410
- 2010 – ЦД Camminate / Simply Brass, Кантус Рекордс, CD 98898492102
- 2019 – CD Serbus! / Zagrebački orkestar ZET-a, ZET CD001
- 2019 – CD Signali / Hrvoje Pintarić, Tamara Jurkić Sviben, 88924501542
Награди и признанија
уреди- 2010 – награда за најдобра музика за документарен филм - за филмот "Заедно" на режисерот Ненад Пуховски на 19-те "Денови на хрватскиот филм"
- 2013 – дискографска награда "Порин" во категоријата за најдобар албум од областа на оригинална филмска ТВ и театарска музика (за албумот - "Во потрага по Марко Поло")[13]
- 2016 – награда за најдобра музика за документарен филм - за филмот "Сè беше добар сон" на режисерот Бранко Иштванчиќ на „Фестивалот на католички филмови"[14]
- 2022 - Награда Crystal Pine за најдобра музика во филмот "The Conversation" во категоријата Најдобра музика во долгометражен филм, на Меѓународниот фестивал за звук и филмска музика - ISFMF [15]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Dalibor Grubačević (službene stranice): Biografija Архивирано на 6 октомври 2014 г., Октомври 12, 2014 (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 Hrvatsko društvo skladatelja: Grubačević, Dalibor, Октомври 12, 2014. (хрватски)
- ↑ Slobodna Dalmacija.hr / Kultura – Marijo Krnić: »Simply Brass: primjerena doza ležernosti«, Октомври 12, 2014 (хрватски)
- ↑ Discogs.com – Simply Brass: Camminate, Октомври 12, 2014 (англиски)
- ↑ Discogs.com – Miroslav Evačić & Čardaš Blues Band: Fulmination, Октомври 12, 2014 (англиски)
- ↑ Discogs.com – Зоран Џорлев: Не Кажувај Либе, Октомври 12, 2014
- ↑ Вечер: Сите сме нивни деца! Архивирано на 27 февруари 2015 г., Октомври 12, 2014
- ↑ Нова балада од Брејк – „Болиш“ (аудио), ноември 2, 2014
- ↑ Discogs.com – Aleksandar Mitevski: Kirilica, Октомври 12, 2014 (англиски)
- ↑ Утрински весник: „Молитва“ - дует на Костовски и Трајанов Архивирано на 6 октомври 2014 г., Октомври 12, 2014 (македонски)
- ↑ „Даниел Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2015“. mrt.com.mk/. Посетено на ноември 13, 2014.
- ↑ Discogs.com – Dario Pankovski: Dario – 25 live!, Октомври 12, 2014 (англиски)
- ↑ www.porin.info – Dobitnici Porina 2013., Октомври 12, 2014 (хрватски)
- ↑ www.hrt.hr - Ištvančićev film 'Sve je bio dobar san' pobjednik festivala u Rijeci Архивирано на 20 септември 2016 г., септември 5, 2016 (хрватски)
- ↑ https://isfmf.com/explore/#archivei ISFM - archive |date=, август 20, 2024 (англиски)
Надворешни врски
уреди- Далибор Грубачевиќ - службена страница
- Hrvatsko društvo skladatelja: Grubačević, Dalibor (биографија)
- HDS ZAMP: Dalibor Grubačević (список на дела)
- Croatia Records: Dalibor Grubačević (биографија и филмографија)
- Ravno do dna.com – Anđelo Jurkas: »Dalibor Grubačević – čarobnjak (ne samo) filmske glazbe« (интервју)
- Klasika.hr – Irena Paulus: »Na putu s velikim pustolovom« (интервју)
- Filmovi.hr – Irena Paulus: »Bez glazbe to ne bi bio isti film« (рецензија на албумот artEdox)
- Matica.hr / Vijenac – Irena Paulus: »Rijedak fenomen« Архивирано на 8 октомври 2014 г. (рецензија на албумот Duh u močvari)
- Discogs.com – Dalibor Grubačević (дискографија)
- IMDb: Dalibor Grubačević (филмографија)
- YouTube: Dalibor Grubačević (официјален youtube канал)