Грипа (село)
поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија
Грипа — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Грипа | |
---|---|
Координати: 41°2.8′N 22°24.51′E / 41.0467° СГШ; 22.40850° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на источните падини на планината Пајак, близу местото кајшто се спојуваат реките Голема (Валија Маре) и Студена (Валија Раци). Лежело меѓу селата Купа и Црна Река.[1]
Историја
уредиГрипа било македонско село распаднато на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Жителите се преселиле во селата Баровица и Црна Река. Нивните потомци сè уште го паметат своето потекло. Меѓу нив познато е семејството Шашови.[1] Месноста и денес го носи името Грипа.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 57. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“