Грегори Хаус
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Грегори Хаус M.D. често нарекуван и само Хаус — е името на ликот и главниот учесник во американската телевизиска серија House (2004-2012). Улогата ја игра Хју Лори. Хаус е раководител на одделот за дијагностичка медицина во измислената болница Princeton-Plainsboro во Њу Џерси, каде тој води тимот на дијагностичари. Ликот на Хаус се опишува како мизантроп, циник, нарцис, и скаперник. Тој е единствениот лик кој се појавува во сите 177 епизоди. Премиерата на шестата сеозна е единсвената епизода во кој Хаус е единствениот постоја лик кој се појавува, освен Вилсон (накратко).
д-р Грегори Хаус | |
---|---|
лик од House | |
Податотека:HouseGregoryHouse.png | |
Прво појавување | "Pilot" (1.01) |
Последно појавување | "Everybody Dies" (8.22) |
Создавач | Дејвид Шор |
Толкува | Хју Лори |
Информации | |
Занимање | Поранешен раководител на одделот за дијагностичка медицина |
Семејство | Џон Хаус (татко; починат) Блит Хаус (мајка) |
Во серијата, необичните дијагностички пристапи, радикални терапевтски мотиви и смелата рационалност на карактерот, резултираат со многу конфликти помеѓу него и неговите колеги.[1] Хаус често е прикажан како личност со недостаток на сочувство за неговите пациенти и поседување пракса која му обезбедува време да ги разјасни патолошките мистерии. Неговиот лик е делумно инспириран од Шелок Холмс.[2][3] Дел од дејствието на серијата се концетрира на честата употреба на викодин кој му помага на Хаус да се справи со болката. Тој има повреда на ногата која го принудува да оди со бастун. Оваа зависност од викодин е една од сличностите со Холмс, кој е чест корисник на кокаин.[4]
Низ текот на серијата, ликот прими позитивни критики.[5][6] Том Шејлс of The Washington Post го нарече Хаус „единствениот лик кој успеал да ја „запали“ телевизијата со години“.[7] Во 2008 година, BuddyTV го прогласи Хаус за вториот најсекси доктор, по д-р Даг Рос (Џорџ Клуни) од ER.[8] TV Overmind го прогласи Хаус за најдобриот телевизиски лик во последната деценија.[9] Во јуни 2010 година, Entertainment Weekly, исто така, го прогласи Хаус за еден од 100те Најдобри Ликови во последните 20 години.[10] Во анкета направена од Zap2it Хаус беше одбран за доктор во кој најмногу се заљубуваат, дури и повеќе од Даг Рос од ER.[11] За неговата улога, Лори има освоено разни награди вклучувајќи ди два златни глобуса за најдобар глумец во телевизиска драма серија и награда за најдобар глумец во драма серија од Screen Actors Guild Award.[12] Laurie also earned Primetime Emmy Award nominations in 2005, 2007, 2008, 2009, 2010 and 2011.[13][14][15]
Историја на ликот
уредиХаус е роден на 15 мај 1959 година и е син на Џон и Блит Хаус (Р. Ли Ерни и Диан Бејкер) [16] Хаус е „дете на војската“, татко му бил воздухопловец на Marine Corps и во текот на детството на Хаус, тој често бил префрлан од една во друга база.[17] Египет бил едно од местата каде татко му бил стациониран и таму Хаус го развил својот восхит кон археологијата и ловење богатства.[18] стациониран и таму Хаус го развил својот восхит кон археологијата и ловење богатства. Друго место била Јапонија, каде, на 14 години, по еден инцидент при качување карпи со пријател, Хаус го открива своето идно занимање. Тој бил сведок на почитта дадена на buraku доктор кој успеал да го реши случајот кој ниту еден доктор не можел.[19] Тој, исто така поминал некое време на Филипинити каде му била извршена дентална операција. Хаус ја сака мајка му но го мрази татко му и намерно ги одбегнува двајцата родители.[17] Во еден момент, Хаус раскажува како неговите родители го оставале кај баба му, чии казни претставувале злоупотреба.[20] Сепак, тој, подоцна признава дека татко му бил тој кој го злоупотребувал. "One Day, One Room". House, M.D.. 2007-01-30. No. 12, season 3. </ref> Поради злоупотребата, Хаус никогаш не поверувал дека Џон Хаус му е билошки татко и на 12 години, приметил дека пријател на семеството има ист вроден белег како него и заклучил дека тој е неговиот татко.[16] Во епизодата „Birthmarks“ од петатта сезона, Хаус нарачува ДНК тест за да ја спореди неговата со таа на Џон и резулатите покажуваат дека тој не му е татко.[16] Во епизодата „Love is Blind“ од осмата сезона, откако Хаус ќе направи втор ДНК тест да ја спореди неговата со ДНК-та на човекот кој го смета за неговиот билошки татко, Томас Бел тој дознава дека и тој не му е татко. Идентитетот на неговиот вистински татко е непознат.
Хаус прво се запишал на додипломски студии на Универзитетот Џонс Хопкинс. Пред целосно да се посвети на неговата дисциплина, тој размислува да прави докторат од физика.[21] Тој бил примен на Медицинскиот факултет на Џонс Хопкинс и бил одличен за време на неговиот престој овде. Тој бил меѓу првите кои се натпреварувале за престижното и конкурентско место за стажирање во Клиниката Мејо, но, за време на неговите студии тој е фатен дека препишува и како резултат на ова тој е избркан од Џонс Хопкинс.[22] Додека се жалел за неговото исклучување од Џонс Хопкинс, тој се запишал на Медицински факулет на Универзитетот во Мичиген, каде, додека работел во книжара, тој ја запознал Лиса Кади (Лиса Еделстајн).[23] Лиса ќе биде идната работодавачка на Хаус и девојка и со која, според неговите зборови, ќе помине со неа и ќе и даде сè што побарала.[24] . По процесот на жалба, тој е одбиен и не може да се врати во Џон Хопкинс. За време на една медицинска конференција во Њу Орлеанс, на која тој ќе присуствува кратко откако ќе дипломира, Хаус го запознава својот најдобар другар д-р Џејмс Вилсон. Вилсон, кој во тоа време поминувал низ развод,[16] ќе скрши огледало и ќе започне тепачка во бар откако еден човек постојано ќе ја пушта "Leave a Tender Moment Alone" на џубокс.[16] Хаус ќе плати за штетата, ќе му плати кауција и ќе најми адвокат да му го исчисти името на Вилсон (кој нема да успее во тоа), со што ќе започне нивната професионален и приватен однос.[16] Хаус, со тек на време ќе стане лиценциран diagnostician со двојна специјализација - заразни болести и нефрологија.[25]
Отприлика десет години подоцна, пред почетокот на серијата, Хаус започнува врска со Стејси Ворнер (Села Вард),адвокат, откако таа ќе го погоди за време на еден пејнтбол меч помеѓу адвокати и доктори.[19] Пет години подоцна, за време на една голф игра, Хаус ќе има несреќа која ќе резултира со изумирање на мускулот на неговата десна нога.Неговата повреда, три дена ќе биде погрешно дијагнозирана поради тоа што лекарите сметаат дека тој покажува знаци на зависник од лекови. Најпосле, Хаус сам ќе постави дијагноза за неговата повреда.[26] Аневризма во неговиот бут ќе се згрутчи и ќе предизвика неговиот мускул да стане некротично.[26] Хаус ќе побара анализа на мртвиот мускул со цел да се врати циркулацијата во останатиот дел на ногата со што ризикува да му откажат органите и да добие срцев удар.[26] Тој е спремен да издржи ужасни пост-оперативно болки само за да ја задржи функцијата на ногата.[26]
Сепак, откако ќе биде подложен на хемиски индуцирана кома за да ги преспие најголемите болки, Ворнер, заменикот на Хаус ќе се спротивстави на желбите на Хаус и ќе одобри побезбедна хируршка интервенција со која ќе му се отстрани само мртвото ткиво.[26] Ова ќе резултира со делумно губење на функцијата на ногата и го остава Хаус со помали, но сериозни болки до крајот на животот.[26] Хаус не може да и прости на Стејси за донесување на оваа одлука која подоцна ќе биде причината поради која таа ќе го напушти.[26] Хаус сега пати од хронични болки во неговиот бут и користи бастун да му помогне при одењето. Исто така, тој често користи викодин за да ги олесни болките.[27] Откако ќе претрпи нервен слом, со помош на психијатриска помош, Хаус ќе успее да ја прекине својата зависност. Кога Ворнер ќе се појави во првата сезона, таа е омажена со Марк Ворнер, советник од средно школо.[28] Иако таа и Хаус ќе имаат кратка афера во втората сезона, тој најпосле ќе и каже да се врати кај нејзиниот сопруг со што ќе ја уништи.
На почетокот на третата сезона, откако ќе се подложи на кетамин третман, Хаус привремено ќе му се врати целосна функција на ногата и тој ќе може да оди и трча.[29] Сепак, хроничните болки ќе му се вратат и тој продожува да зема лекарства и да го користи бастунот.[30]
На една рутинска посета на клиниката, еден полициски детектив, Мајк Тритер е примен од Хаус. Тритер го набљудува Хаус како зема викодин за болките и тврди дека тоа е причината поради која тој е непристоен и насилник. Тритер верувајќи дека докторите би требало да бидат поодговорни додека работат со медицина, тој решава да започне правна постапка против Хаус за сомневање за злоупотреба на лекови. Во истрагата полека ги вмешуваат Кади, Вилсон и тимот на Хаус и се користат ектремни мерки за да добијат информации од нив. Хаус, за да може да ја прифати понудата да ја задржи својата лиценца, е принуден на одвикнување од викодин. Но Хаус не може да ја поднесе болката па затоа оди предалеку кога краде оксикодон од еден пациент на Вилсон кој умрел, со што Тритер го добива она што му е потребно за да го испрати Хаус на суд. На сослушувањето, судијата одлучува дека Хаус не е опасен за општеството и начинот на кој тој се справува со болката на ногата не е толку сериозен како што го прикажал Тритер. Оваа пресуда се донесува откако Кади ќе произведе доказ со што извршува кривоклетство само за да го спаси Хаус од затвор.
За време на петатта сезона, Хаус откако ќе почне да зема метадон, повторно ја враќа функцијата на ногата но наскоро престанува откако за малку ќе убие пациент поради некарактеристична медицинска грешка. На крајот на петатта сезона, употребата на викодин достигнува ниво каде тој започнува да халуцинира за поранешен кандидат за работа и за врска со Кади. Кога Хаус ќе сфати дека викодинот му предизвикува халуцинации и му го презема животот тој се пријавува во Психијатриската болница Mayfield. На почетокот на шестата сезона, по некое време поминато во болницата, со помош на д-р Дерил Нолан, Хаус наоѓа други начини да се справи со болката и со други аспекти од неговиот живот. Тринаеска и Вилсон откриваат дека Хаус е одличен готвач, припишувајќи го ова на тоа дека Хаус ги смета состојките во готвењето како хемиски состојки.
Хаус, евентуално открива дека медицината е единственото нешто кое му помага против болките. Откако ќе дијагностицира пациент преку интернет за неговиот тим (без нивно знаење) и ќе и покаже на докторката Нолан дека така му се намалува болката, Нолан предлага тој да се врати на работа.[31]
Во седмата сезона, Кади, која во овој момент му е девојка на Хаус, има средба со смртта што го враќа Хаус на употребата на викодин за да може да се справи со стравот дека ќе ја изгуби. При крајот на седмата сезона, дознава дека експерименталниот лек кој го користел предизвикач фатален канцероген тумор кај сите лабораториски стаорци. Тој си прави томографија и наоѓа три тумори близу површината на кожата на ногата. Оди дома, ја чисти бањата и си прави операција на себе да ги извади туморите.[32]
Во осмата сезона, откако Хаус ќе удри со неговата кола во куќата на Кади, тој оди во затвор. Откако еден затвореник ќе го натера да украде 20 пилули викодин или че го убие, Хаус сфаќа дека потребата за викодин му е слабост. Низ текот на осмата сезона, употребата на викодин станува почеста од пред петатта сезона.
Првата епизода од последната сезона, делумно открива што би правел затворениот Хаус наместо медицина, откривајќи ја физиката како неговата друга способност.[21] Епизодата „Body & Soul“ го потврдува ова со повикување на текст за честична физика помеѓу неговите книги, како што кажала неговата тогашна жена Доминика Петрова (Каролина Видра).[33] Во финалето на сезоната, Хаус ја лажира својата смрт со што повторно се откажува од работењето со медицина, само за да ги помине со д-р Џејмс Вилсон (Роберт Шон Ленард)последните пет месеци од неговиот живот. Тој го прави ова и за да избегне повторно враќање во затвор бидејќи тој уништилапарат за магнетна резонанца во шега кој не успеала. Серијата завршува со Хаус и Вилсон на мотори како возат накај селото додека д-р Роберт Чејс (Jesse Spencer) го презема одделот на Хаус.[34]
Карактер
уредиХаус често го покажува својот зајадлив карактер и желбата да ги задева луѓето и да им ги исмева слабостите.[35] Хаус прецизно ги дознава мотивите и историјата на луѓето од аспект на нивниот карактер, изглед и однесување.[36] Неговиот пријател и колега Вилсон вели дека иако некои доктри имаат "месија комплекс" т.е. чувствуваат потреба да го „спасат светот“, Хаус има „рубиков комплекс“,односно тој чувствува потреба да ја „реши загатката“.[37] Хаус најчесто чека колку е можно повеќе додека да ги запознаа своите пациенти.[35] Но кога го прави тоа тој покажува нетипиченоднос кон пациентите и користи невообичаени третмани.[38] Сепак, тој ги импресионира со брзото и прецизно дијагностицирање иако наизглед тој не им обраќа внимание.[30] Оваа вештина е демонстрирана во сцената кога Хаус, на пат кон болничката клиника, ги дијагностицира сите пациенти во чекалната за нешто повеќе од една минута.[39] Критичарите го објаснуваат ликот со зборовите: „лесно менува расположение“, „огорчен“, „непријателски настроен“, мизантроп“, „циничен“, „намќор“, „недицсиплиниран“, „анархист“, „социопат“ и „скаперник“. Според The Global Language Monitor, скаперник е најдобриот начин за да се опише овој лик.
Лори го опишува Хаус како лик кој одбива да ја „почитува класичната побожност на модерниот живот“ и очекува да открие ретка дијагноза кога лекува пациент.[40][41] Како главен лик, многу аспекти од неговиот карактер се спротивни од она што се очекува од еден доктор.[35] Извршниот продуцент Кејти Џејкобс гледа на Хаус како статичен карактер кој е навикнат да живее во мизерија. Џејкобс вели дека и Вилсон, неговиот единствен пријател, и Хаус одбегнуваат сериозни и зрели врски, што ги зближува уште повеќе. Ленард вели дека д-р Вилсон е еден од малкуте кои своеволно се дружат со Хаус бидејќи тој може слободно да го критикува.
Иако, ексцентричното однесување на Хаус често погрешно се припишува на хроничните болки во неговата нога, и Стејси и Кади велат дека тој бил истиот и пред повредата.[28][42] За да се справи со хроничните болки во ногата, Хаус зема викодин секој ден и како последица на ова тој станува зависен од лекот.[43] H. Тој одбива да прифати дека е зависен („јас немам проблем со спраување со болката туку имам проблем со болката“).[25] Сепак, откако за да победи на облог со Кади тој поминува цела недела без да се напие лек, сфаќа дека е зависен но вели дека тоа не е проблем бидејќи не му влијае на работата и животот.[44] Во сезоната од 2009 година, Хаус е подлегнат на детоскицкација и овде може да се каже дека неговата зависност се намалува.[45] Сепак, во осмата сезона изгледа дека Хаус сепак ја надминал зависноста.[46] творецот на Хаус, Дејвид Шор во 2006 година за Seattle Times iизјавил дека викодинот „станува помалку корисна алатка за борбата против болката а тоа нешто со кое мора да се справат и да продолжат да истражуваат“.[47]
Хаус отворено зборува за порнографија.[48] Во епизодата „Lines in the Sand“ тој одговара на флертувањето од женски малолетен пациент.[49] Тој често ги користи услугите на проститутките.[22][50][51] Тој исто така сака да се коцка, често правејќи облози.
Хаус е полиглот,зборува англиски, шпанси,[23] руски,[52] португалски,[53] хинди,[22] and мандарински.[54] Слуша џез, свири пијано како и Хју Лори и има интерес за стари електрични гитари. Игра видео игри и гледа сапунска опера. Тој е навивач на Philadelphia Phillies и Philadelphia Flyers. Хаус (како и Лори) е мотоциклист. Вози Honda CBR1000RR Fireblade, со регистарски таблички Y91 како што е прикажано во епизодите „Swan Song“, „Help Me“ и „Post Mortem“ и непознати американски седани. Заедно со Вилсон посетуваат monster truck трки.
Хаус е атеист.[се бара извор]Тој отворено и неуморно им се потсмева на колегите и пациентите кои покажуваат каква било верба во религијата, тврдејќи дека тие верувања се нелогични. Тој не верува во живот по смрт бидејќи смета дека е подобро да верува дека животот „не е само тест“.[26] “. Сепак во епизодата „97 Seconds“ тој покажува доволен интерес за можноста за живот по смртта и за да дознае тој прави да го удри струја. Тој не е задоволен од резултатите и ја негира можноста за живот по смрт.[55] Ова е еден од примерите кои покажува дека тој е спремен да се подлегне на разни експерименти и ризични медицински процедури во име на вистината. Во текот на серијата тој го оспорува ефектот на лекот за мигрена со тоа што тој ќе си предизвика мигрена и ќе ги контролира ефектите со лекови,[22] ќе подлегне на трансфузија на крв за да помогне со дијагнозата и ќе се предозира со physostigmine за да си ја подобри меморијата откако ќе добие повреди на главата со што срцето ќе престане да му чука па накај ќе подлегне на големи симулации на мозокот.[56][57][58]
Хаус често вели „Секој лаже“ но на шега кажува дека лажел кога го кажал тоа во финалето на првата сезона. Иако оваа изјава може да се смеши си „лажго парадоксот“, Хаус не направи парадокс изјавувајќи го ова. .[40] Тој ја критикува социјалната етикета за недостаток на рационална цел и полезност.[49] Во првата епизода од првата сезона д-р Камерон вели дека „Хаус не верува во преправање.. па затоа го кажува она што го мисли“. .[59] Во епизодата „Lines in the Sand“ од третата сезона, тој објаснува дека им завидува на аутистичните пациенти бидејќи тие можат да се откажат од ситниците кои мора да ги претрпат.[49] Во истата епизода, д-р Вилсон вели дека Хаус можеби има Аспергеров синдром, кој се одликува со неколку одлики кои ги има Хаус како потешкотии при прифаќање на целта на социјалните правила, недостаток на грижа за надворешниот изглед и отпор да се промени, иако подоцна тој му открива на Хаус дека не верува во ова и тврди дека оваа изјава била дел од тактиката за да го омекне мислењето на Кади за Хаус.[49] Хаус е голем неконформист и не му е гајле како другите го гледаат.[41]. Низ серијата, тој покажува подбивен презир за авторитети.[60] Хаус покажува скоро постојана безобзирност за сопствениот изглед. Се облекува неформално во фармерки, маици и патики и одбегнува да го носи стандардниот бел мантил за пациентите да не можат да го препознаат дека е доктор.[27][60][61]
Социјално однесување
уредиХаус баш и нема социјален живот и неговиот единствен вистински пријател е д-р Џејмс Вилсон.[37][41] Вилсон го познавал Хаус пред повредата и тој се грижел за него кога неговата врска со Стејси завршила[42] Вселувањето на д-р Вилсон во станот на Хаус откако ќе завршил бракот во епизодата “Sex Kills“ покажува дека тој бара емоцијално прибежиште кај неговиот пријател.[62] Иако тие често ги критикуваат и анализираат своите мотиви, Вилсон ја ризикува својата кариера за да го заштити Хаус. Овде спаѓа прекинување на неговиот работен однос во првата сезона поради трудот на Едвард Волгер да го отпушти Хаус и нарушување на рабтата од детективот Мајкл Тритер во истрагата за користењето наркотици на Хаус.[48][63] На неколку наврати, нарекувајќи го најдобар пријател, тој тивко признава дека му е благодарен на Вилсон за неговото присуство. Кога Вилсон ќе даде отказ и ќе се отсели од Њу Џерси и ќе се откаже од пријателството со Хаус во премиерата на петатта сезона, Хаус е очаен за неговиот пријател па затоа најмува приватен детектив да го шпионира.[64] TТие двајцата се смируваат на погребот на таткото на Хаус во сцена слична на нивната прва средба само што сега Вилсон, во момент на бес, ќе скрши стакло со шише алкохол. Во финалето на серијата, Хаус ја лажира своја смрт за да избегне одење во затвор и за да ги помине преостанатите пет месеци од животот на Вилсон кој е болен од рак.
Еделстајн вели дека и покрај зајадливиот карактер на Хаус, тој е лик кој е сигурен во луѓето околу себе. Еделстајн вели дека оваа особина е прикажана на неколку прилики во третата сезона во кои кариерата на Хаус е во опаснст поради истрагата на детективот Мајкл Тритер (Дејвид Морс), кој го апси за поседување наркотици.[65] Правните проблеми на Хаус завршуваат кога ликот на Еделстајн, Лиса Кади лажно сведочи на неговото сослушување.[45] Во петтата сезона, врската со Кади започнува да света кога тие не можат да ги скријат чувствата кои ги имаат еден за друг. Тие се бакнуваат во шестата епизода „Joy“ која е зачинета со романтична тензија помеѓу нив двајцата.[66] Вилсон смета дека, преселувањето на Кади во канцеларијата на Хаус, откако нејзината се реновира бидејќи е уништена од вооружен човек, е обид да се зближи со него. Тие двајцата се обидуваат да се оддалечат еден од друг со тоа што им прават штети на нивните канцеларии но ова ќе престане кога Хаус ќе направи невообичаено добар потег и ќе ја замоли мајката на Кади да и го испрати нејзиното биро од медицинското школо за нејзината нова канцеларија како изненадување. Кади е трогната од овој потег но се разочарува кога ќе го види со проститука која ја најмил тој само за да се шегува со Катнер и Тауб. Во последната епизода "Both Sides Now" се дознава дека Хаус сака да има врска со Кади. Во истата епизода, тој е сигурен дека ја поминал ноќта со Кади и му го кажува тоа на д-р Вилсон следното утро. Сепак се дознава дека ова е психоза, предизвикана од прекумерното користење на викодин. Приказната за Хаус и Кади кулминира во последната епизода од шестата сезона „Help Me“ кога Кади ја откажува свршувачката со Лукас за да се соочи со неизбежното сознание дека таа цело време била вљубена во Хаус. Тие се бакнуваат откако ќе решат дека сакаат да се обидат да започнат вистинска врска. Сепак, во седмата сезона, оваа врска завршува кога Хаус повторно започнува да користи викодин кога ќе се соочи со можната неизлечлива болест на Кади.
Хаус исто така е познат и како гребатор бидејќи често краде храна од Вилсон. Во епизодата „You Don’t Know What to Know“ додека тој се обидува да дознае зошто Тринаеска има грчеви, тој тврди дека и украл пари од новчаникот. Во истата епизода, Вилсон дознава дека крвната група на Хаус е АБ, универзалниот примател, покажувајќи ја неговата желба да земе сè што може. Во друга епзида, тој му откива на Вилсон дека некое време позајмува сè поголеми суми на пари од него без да му врати, за да дознае во кој момент тој ќе одбие да му позајми.
Сличности со Шелок Холмс
уредиНиз серијата се појавуваат сличности помеѓу Хаус и познатиот измислен детектив Шерлок Холмс.[67] SШор објаснува дека тој отсекогаш бил обожавател на Шерлок Холмс и сметал дека индиферентноста која тој ја покажува кон своите клиенти е исклучителна.[68] Сличност е очигледна во различни елементи на сценариото на серијата како што е потпирањето на психологијата за да реши некој случај, неговото двоумење да прифати случај кој не му е интересен и истата адреса на Хаус и Холмс - 221B Baker Street.[40][69] Друга сличност е што и двајцата лика се корисници на дрога (Хаус со години се бори со зависност од викодин, а Холмс рекреативно користи кокаин), успешна детоксикација, свирењето на музички инструмент (Холмс свири на виолина а Хаус свири на гитара, пијано, оргули и хармоника) and a talent for accurately deducing people's motives and histories from aspects of their personality and appearance.[70]
Шор исто така објаснува дека името House е игра од името Holmes преку фонетска сличност со зборот homes. Како Хаус така и Холмс имаат по еден вистински пријател, д-р Џејмс Вилсон односно д-р Џон Вотсон.[3] Ленард вели дека Хаус и неговиот лик биле првично наменети да ја играт улогата на Холмс и Вотсон во серијата иако тој верува дека тимот на Хаус ја презеле улогата на Вотсон.[71] Шор, исто така вели дека д-р Хаус црпи инспирација од д-р Марк Шамберлен, професор на неврологија од Вашингтон Универзитетот во Сиетл и др. Џозеф Бел (кој бил учител на Артур Конан Дојл и на тој начин главна инспирација за создавањето на Холмс), кој имал способност, кога ќе влезе во чекална да ги дијагностицира сите што чекаат на ред без да им прозбори.[3] Во последната епизода од втората сезона „No Reason“, Хаус е ранет од човек кој се вика Џек Мориари, има кое е слично со она на противникот на Шерлок Холмс, професорот Џејмс Мориарти. Professor James Moriarty;[70][72] lИсто така, во петатта сезона, Вилсон го користи името Ирен Адлер за измислената љубовница на Хаус, кое е исто како и името на единствениот женски противник кој Холмс го сретнал.[73] the same name as the only female adversary Holmes ever encountered.[70]
- ↑ Kristine, Diane (2005-04-23). „Ending Season Three With a Bang? An Interview with House Writer Lawrence Kaplow“. Blog Critics. Архивирано од изворникот на 2009-02-04. Посетено на 2007-10-13.
- ↑ O'Hare, Kate (2005-01-05). „Building 'House' Is Hard Work“. Zap2It. Архивирано од изворникот на 2007-05-05. Посетено на 2007-06-30.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „House and Holmes parallels“. Radio Times. BBC Magazines. January 2006. стр. 57. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2013-01-08.
- ↑ Jericho, Arachne (2008-05-31). „A House, MD and Sherlock Holmes Special: Predicting House Season Five Based On the Sherlock Holmes Canon“. Holmesian Derivations, A 21st century look at Sherlock Holmes. Архивирано од изворникот 2008-09-13. Посетено на 2008-09-27. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Davies, Hugh (2004-11-20). „Dr Laurie has viewers of US TV in stitches“. The Daily Telegraph. стр. N9.
- ↑ Bianco, Robert (2004-11-16). „There's a doctor worth watching in 'House'“. USA Today. стр. D1. Посетено на 2006-12-30.
- ↑ Shales, Tom (2004-11-16). „'House': Watching Is the Best Medicine“. The Washington Post. Посетено на 2006-12-30.
- ↑ Diaz, Glen L. (2008-08-11). „Move over Clooney, 'House' is Here“. BuddyTV. Архивирано од изворникот на 2014-05-03. Посетено на 2008-10-04.
- ↑ TV Overmind (2010-07-01). „The Top 10 TV Characters of the Decade“. TV Overmind. Архивирано од изворникот на 2010-07-21. Посетено на 2010-07-01.
- ↑ Adam B. Vary (June 1, 2010). „The 100 Greatest Characters of the Last 20 Years: Here's our full list!“. Entertainment Weekly. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2016-09-21. Посетено на July 7, 2012.
- ↑ Carina Adly MacKenzie. „TV's Most Crushworthy Doctor (Male)“. Zap2it. Архивирано од изворникот на 2013-01-06. Посетено на June 9, 2012.
- ↑ Blaustein, David (2006-01-17). „Loose Lips Backstage at Golden Globes“. ABC News. Посетено на 2008-09-29.
- ↑ „60th Primetime Emmy Awards“. Academy of Television Arts & Sciences. 2008-07-17. Посетено на 2008-07-25.
- ↑ „59th Primetime Emmy Awards“. Academy of Television Arts & Sciences. Посетено на 2008-03-02.
- ↑ „61st Primetime Emmy Awards“. Academy of Television Arts & Sciences. 2009-07-16. Посетено на 2009-07-16.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 "Birthmarks". House, M.D.. 2008-10-14. No. 4, season 5.
- ↑ 17,0 17,1 "Daddy's Boy". House, M.D.. 2005-11-08. No. 5, season 2.
- ↑ "Clueless". House, M.D.. 2006-03-28. No. 15, season 2.
- ↑ 19,0 19,1 "Son of Coma Guy". House, M.D.. 2006-11-14. No. 7, season 3.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеoneday
. - ↑ 21,0 21,1 "Twenty Vicodin". House, M.D.. 2011-10-3. No. 1, season 8.
- ↑ 22,0 22,1 22,2 22,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеdistractions
. - ↑ 23,0 23,1 "Humpty Dumpty". House, M.D.. 2005-09-27. No. 3, season 2.
- ↑ "Top Secret". House, M.D.. 2007-03-27. No. 16, season 3.
- ↑ 25,0 25,1 "Occam's Razor". House, M.D.. 2004-11-30. No. 2, season 1.
- ↑ 26,0 26,1 26,2 26,3 26,4 26,5 26,6 26,7 "Three Stories". House, M.D.. 2005-05-17. No. 21, season 1.
- ↑ 27,0 27,1 "Pilot". House, M.D.. 2004-11-16. No. 1, season 1.
- ↑ 28,0 28,1 "Honeymoon". House, M.D.. 2005-05-24. No. 22, season 1.
- ↑ "Meaning". House, M.D.. 2006-09-05. No. 1, season 2.
- ↑ 30,0 30,1 "Informed Consent". House, M.D.. 2006-09-19. No. 3, season 3.
- ↑ [TV Guide House recaps|http://www.tv.com/house/epic-fail/episode/1296797/recap.html?tag=episode_recap;recap Архивирано на 3 октомври 2009 г.] episode 5,15
- ↑ "After Hours". House, M.D.. 2011-05-16. No. 22, season 7.
- ↑ "Body & Soul". House, M.D.. 2012-04-23. No. 18, season 8.
- ↑ "Everybody Dies". House, M.D.. 2012-05-21. No. 22, season 8.
- ↑ 35,0 35,1 35,2 Poniewozik, James (2004-11-22). „Scorn is the Best Medicine“. Time. Time Inc. ISSN 0040-781X. Архивирано од изворникот на 2013-08-17. Посетено на 2007-09-28.
- ↑ Holland, Roger (2006-05-01). „House: Season Four Premiere“. PopMatters. Архивирано од изворникот на 2008-07-24. Посетено на 2007-09-27.
- ↑ 37,0 37,1 Burnett, Barbara (2007-10-30). „Dr. Gregory House: Romantic Hero“. Blogcritics. Архивирано од изворникот на 2009-01-31. Посетено на 2008-02-09.
- ↑ Kelley, Sue (2008-09-18). „Find better bedside manner“. USA Today. Архивирано од изворникот на 2008-09-21. Посетено на 2009-04-04.
- ↑ "Sports Medicine". House, M.D.. 2005-02-22. No. 12, season 1.
- ↑ 40,0 40,1 40,2 Jensen, Jeff (2007-04-06). „Full 'House'“. Entertainment Weekly. стр. 44–47. Архивирано од изворникот на 2014-07-08. Посетено на 2007-09-12.
- ↑ 41,0 41,1 41,2 Winters, Rebecca (2005-09-04). „Doctor Is in ... a Bad Mood“. Time (magazine). ISSN 0040-781X. Архивирано од изворникот на 2007-10-18. Посетено на 2007-10-09.
- ↑ 42,0 42,1 "Need to Know". House, M.D.. 2005-02-07. No. 11, season 2.
- ↑ Kristine, Diane (2005-10-24). „Constructing House: An Interview With House, M.D. Writer Lawrence Kaplow“. Blog Critics. Архивирано од изворникот на 2008-12-09. Посетено на 2007-10-12.
- ↑ "Detox". House, M.D.. 2005-02-15. No. 11, season 1.
- ↑ 45,0 45,1 "Words and Deeds". House, M.D.. Fox. 2007-01-01. No. 10, season 3.
- ↑ "Broken". House, M.D.. Fox. 2009-09-21. No. 01, season 6.
- ↑ Holston, Noel (February 22, 2006). „Doctors find little humor in TV's handling of painkillers“. The Seattle Times. Посетено на 2008-12-18.
- ↑ 48,0 48,1 "Babies & Bathwater". House, M.D.. 2005-04-19. No. 18, season 1.
- ↑ 49,0 49,1 49,2 49,3 "Lines in the Sand". House, M.D.. 2006-09-26. No. 4, season 3.
- ↑ Hochman, David (February 2009). „Playboy Interview: Hugh Laurie“. Playboy. стр. 31–36 + 105.
- ↑ "Que Sera Sera". House, M.D..
- ↑ "Fall From Grace". House, M.D.. No. 17, season 7.
- ↑ "Fidelity". House, M.D.. No. 7, season 1.
- ↑ "Sleeping Dogs Lie". House, M.D.. No. 18, season 2.
- ↑ "97 Seconds". House, M.D.. 2007-10-09. No. 3, season 4.
- ↑ "You Don't Want To Know". Shore, David; Hass, Sara. House, M.D.. 2008-11-20. No. 8, season 4. Retrieved on 2008-11-01.
- ↑ "House's Head". Shore, David; Blake, Peter; Egan, Doris; Friend, Russel; Lerner, Garett; Foster, David. House, M.D.. 2008-05-12. No. 15, season 4. Retrieved on 2008-11-16.
- ↑ "Wilson's Heart". House, M.D.. 2008-05-19. No. 16, season 4. Retrieved on 2008-11-16.
- ↑ Lowry, Brian (2004-11-15). „House Review“. Variety. Посетено на 2008-12-23. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ 60,0 60,1 "Control". House, M.D.. 2005-03-15. No. 14, season 1.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеp38
. - ↑ Ryan, Maureen (2006-05-01). „'House'-a-palooze, Part 3: Katie Jacobs“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на 2018-08-27. Посетено на 2007-10-12.
- ↑ "Whac-a-Mole". House, M.D.. 2006-11-21. No. 8, season 3.
- ↑ "Not Cancer". House, M.D.. 2008-09-23. No. 2, season 5.
- ↑ "Fools for Love". House, M.D.. Fox. October 31, 2006. No. 5, season 3.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеJoy
. - ↑ Slate, Libby (2006-04-17). „Hugh Laurie and Cast Make a House Call“. Academy of Television Arts & Sciences. Посетено на 2008-12-23.
- ↑ Shore, David (2006). „Developing The Concept“. Hulu.com. The Paley Center for Media. Архивирано од изворникот на 2008-09-13. Посетено на 2008-09-16.
- ↑ "Remorse". House, M.D. 2010-01-25. No. 12, season 6.
- ↑ 70,0 70,1 70,2 Ward, Julia (2006-10-31). „You can't have House without a Holmes“. TV Squad. Архивирано од изворникот на 2018-09-26. Посетено на 2009-04-05.
- ↑ Ryan, Maureen (2006-05-01). „'House'-a-palooza, part 2: Robert Sean Leonard“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на 2006-05-10. Посетено на 2007-10-12.
- ↑ Kristine, Diane (2006-05-24). „TV Review: House Season Finale - "No Reason"“. Blog Critics. Архивирано од изворникот на 2008-09-11. Посетено на 2007-10-09.
- ↑ "Joy to the World". House. Fox. 2008-11-09. No. 11, season 5.