Сапунска опера или сапуница е заеднички наслов за радио и телевизиска серија од драмски тип во која се одликува непостојан класичен расплет, односно неограничено траење на број на епизоди.

Сапуниците на почетокот обично имаат главни заплети и ликови, но во текот на развивањето на приказната, се додаваат нови ликови како и нови содржини, кои, после што главниот заплет на овој или оној начин завршува, стануваат главни заплети. Со тоа би требало да се гарантира контуирано траење на приказната, односно на серијата.

Изразот сапунска опера за првпат почнал да се користи во САД во 1930те години за жанр кој тогаш се појавил на сѐ уште ново медиумско радио. Во 1940те сапуниците почнале да се произведуваат на телевизијата, и станале еден од неговите најпопуларни жанрови.

Во Латинска Америка почнал да се развива посебен облик на сапуница кој се нарекува теленовела. Тој од крајот на 1980те стекнал голема популарност во светот и истиснал класичен формат на сапунска кога користи американската ТВ мрежа.

Видови на сапуница

уреди

Често како сапуница во смисла се подразбира таканаречена дневна сапуница (daytime soap), која се емитира претпладне или попладне во добата кога во куќите воглавно се домаќинките. Епизодите обично траат од 30 мин. до 60 мин, и се емитуваат по една секој работен ден.

Почнувајќи со Градот Пејтон за американската телевизија почнале да се прават сапуници кои се емитувале во вечерниот елитен термин и тоа по една епизода неделно. Таа форма - вечерна сапуница - подоцна стекнала голема популарност околу сериите како што се Далас и Династија.

Од крајот на 1980те на американската телевизија исто така почнале да се прават и тинејџерски сапуници, чии најпознат претставник е Беверли Хилс 90210.