Грб на Грузиската Советска Социјалистичка Република
Грбот на Грузиската Советска Социјалистичка Република е усвоен на 28 февруари 1922 година, од страна на владата на Грузиската ССР. За разлика од грбовите на останатите Советски републики, овој грб не се заснова на грбот на СССР.
Грб на Грузиската Советска Социјалистичка Република | |
---|---|
Подробно | |
Грбоносец | Грузиска Советска Социјалистичка Република |
Усвоен | 28 февруари 1922 година |
Мото | „Пролетери од сите земји обединетете се!“ |
Опис
уредиНа грбот се прикажани симболи на земјоделството, грозје и пченица. Во средината на грбот е прикажан Кавказ, над него има црвена ѕвезда, а најдоминантниот дел на грбот го сочинуваат срп и чекан, симболот на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР „Пролетери од сите земји, обединетете се!“ напишан на грузиски (პროლეტარ ყველა ქვეყნისა, შეერთდით!) и руски јазик.
Грбот бил на сила сè до 11 декември 1990, кога бил заменет со првиот независен грб на Грузија.
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со Грузија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |