Грб на Азербејџанската Советска Социјалистичка Република
Грбот на Азербејџанската Советска Социјалистичка Република бил усвоен во 1937 година од страна на владата на Азербејџанската ССР.
Грб на Азербејџанската Советска Социјалистичка Република | |
---|---|
Подробно | |
Грбоносец | Азербејџанска Советска Социјалистичка Република |
Усвоен | 1937. |
Мото | „Пролетери од сите земји, обединетете се!“ |
Опис
уредиГрбот се заснова на грбот на СССР. Во средината на грбот се наоѓа дупчалка за нафта кој ги претставува богатите ресурси на нафта во Баку, а над дупчалката се наоѓа изгрејсонце, симбол на иднината на Азербејџан. Погоре се наоѓаат срп и чекан, како и црвена ѕвезда, двата се симболи на комунизмот. Околу грбот се наоѓа памук и пченица, симболи на земјоделството. Околу грбот се наоѓа мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединетете се", како и трака со натписот "Азербејџанска Советска Социјалистичка Република", двата натписи се напишани на азербејџански и руски јазик. Грбот бил на сила сè до 1992, кога бил заменет со денешниот грб на Азербејџан.
Поврзано
уреди„Грб на Азербејџанската Советска Социјалистичка Република“ на Ризницата ? |
Оваа статија Азербејџан е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |