Отвори го главното мени

Грб на Азербејџан

Грбот на Азербејџан е националниот и официјален грб на државата. Тој е спој на модерната и традиционалната азерска хералдика. Централен елемент во грбот е црвениот оган, бидејќи Азербејџан се нарекува „земја на вечниот оган“. Боите за грбот се од боите на знамето на Азербејџан, ѕвездата ги претставува осумте гранки на туркиски народи и помеѓу секој крак се наоѓа по една жолта точка. Како држачи на грбот се гранка даб и клас жито.

Грб на Азербејџан
Emblem of Azerbaijan.svg
Подробно
Штиткружен штит во националните бои каде има бела ѕвезда со приказ на оган
Подножједабово гранче и житен клас

ПоврзаноУреди