Грб на Азербејџанската Советска Социјалистичка Република

Грбот на Азербејџанската Советска Социјалистичка Република бил усвоен во 1937 година од страна на владата на Азербејџанската ССР.

Грб на Азербејџанската Советска Социјалистичка Република
Подробно
Грбоносец Азербејџанска Советска Социјалистичка Република
Усвоен1937.
Мото„Пролетери од сите земји, обединетете се!“

Опис уреди

Грбот се заснова на грбот на СССР. Во средината на грбот се наоѓа дупчалка за нафта кој ги претставува богатите ресурси на нафта во Баку, а над дупчалката се наоѓа изгрејсонце, симбол на иднината на Азербејџан. Погоре се наоѓаат срп и чекан, како и црвена ѕвезда, двата се симболи на комунизмот. Околу грбот се наоѓа памук и пченица, симболи на земјоделството. Околу грбот се наоѓа мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединетете се", како и трака со натписот "Азербејџанска Советска Социјалистичка Република", двата натписи се напишани на азербејџански и руски јазик. Грбот бил на сила сè до 1992, кога бил заменет со денешниот грб на Азербејџан.

Поврзано уреди