Гоце Делчев Тодев

политичар

Гоце Делчев Тодев (родно име Гоце Тодев, роден на 14 јули 1969 година во Скопје, СР Македонија) — тековен претседател на Независниот синдикат на полицијата, борец за правата на полициските службеници во Македонија.

Гоце Делчев Тодев
Претседател на НСП
На должноста
1 март 2016 – денес
Лични податоци
Роден(а) Гоце Тодев
14 јули 1969(1969-07-14)(55 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец

Во 2013 година се кандидирал за градоначалник на Општина Гази Баба како кандидат на Социјалдемократската унија[1].

По 1 година од поплавите во Македонија од 2016 година, Македонскиот полициски синдикат добил донации кои биле наменети за полициските службеници загрозени од поплавите. Според извори на Независниот синдикат на полицијата, делумно или целосно не биле исплатени истите пари[2]. Поради таквото обвинување, Македонскиот полициски синдикат најавил тужба против Тодев како претседател на Независниот синдикат[3].

Наводи

уреди
  1. „И Гоце Делчев се кандидира за градоначалник“. MK News. 9 март 2013. Посетено на 4 јануари 2018.
  2. „Каде се парите за поплавените полицајци?“. 24 Вести. 6 август 2017. Посетено на 4 јануари 2018.
  3. „МПС најави тужба против Гоце Делчев Тодев“. 24 Вести. 7 август 2017. Посетено на 4 јануари 2018.