Гордана Димитриеска Кочоска
Гордана Димитриеска Кочоска (р. 2 декември 1983 во Тетово) — македонски политичар и тековен министер за финансии од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и сегашна потпретседателка на истата партија.
Гордана Димитриеска Кочоска | |
---|---|
Министер за финансии | |
На должноста | |
Стапил 23 јуни 2024 | |
Претседател | Гордана Силјановска-Давкова |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Претходник | Фатмир Бесими |
Лични податоци | |
Роден(а) | Гордана Димитриеска 2 декември 1983 Тетово, СР Македонија, СФРЈ |
Државјанство | Македонија |
Националност | Македонка |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Деца | 2 |
Животопис
уредиТаа е дипломиран економист и дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со просечна оценка од 9.55. Потоа Димитриеска Кочоска станала магистер по економски науки на истиот факултет.
Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар - Белград, а лиценцирана од СА Akademie AG.
Била вработена во приватно претпријатие, како финансиски советник во областа на управување и финансии.
Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со ова претпријатие управувал сегашниот водач на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Димитриеска Кочоска е мажена и е мајка на две деца.