Горан Гоциќ — српски книжевник, филмски автор,преведувач и новинар.

Животопис

уреди

Роден е во Ужице, 6 мај 1962 година. Дипломирал англиски јазик и книжевноста на Фололошкиот факултет во Белград (1962) година. Магистрирал во областа медија и комуникација на Лондонското училиште за економија и политички науки (The London School of Economics and Political Science).[1] Работел како новинар и уредник во триесет медиумски куќи (НИН, Дневен телеграф, Борба, Политика, РТС, Би-Би-Си, Ченел 4, Индипендент, Сајт енд саунд, итд).

Дела

уреди

Ги објавил студиите „Енди Ворхол и стратегиите на попот“ (1997/2012) и „Емир Кустурица: Култ на маргина“ (2001/2006). Автор е на долгометражните документарни филмови „Проклети странци“ (2000) и „Балканскиот дневник: Бугарија“ (2010). Објавил роман Таи, последна станица Британија и поетска книга Елен.

За „Таи“, неговиот роман првенец, добил НИН-ова награда за најдобриот роман во 2013. година и Награда Милош Црњански за делото од периодот 2011/2013.[2] Романот Таи е преведен на повеќе јазици. На македонски е преведен од страна на Фросина Стојковска, во издание на Слово љубве - Буквибукс.

Наводи

уреди
  1. Горан Гоциќ: Битно е да бидеш истраен, Вечерните новости, 17. 1. 2014. (Пристапено на: 25. новембар 2015)
  2. Зоран Главоњиќ: Горан Гоциќ НИН-ова награда за Таи, Слободната Европа 13јануари 2014 година. (Пристапено: 25 ноември 2015)

Надворешни врски

уреди