Оваа статија е за индоирански јазик. За македонскиот дијалект во Косово видете горански дијалект.

Горански, или гурански, е јазик или група дијалекти од подгрупата на ирански јазици од групата на индоирански јазици, дел од јазичното семејство на индоевропски јазици. Јазикот го опфаќа и авроманскиот дијалект[2][3] и овој јазик го зборуваат Курдите[4][5] во Ирански Курдистан и во Ирачки Курдистан. Според некои јазичари јазикот е дел од групата на зазогорански јазици.[6]

Горански јазик
Hawrami
Застапен воИрак и Иран
ПодрачјеХавраман и Гармијан
Говорници44,000  (2000)[1]
Јазично семејство
индоевропско
Јазични кодови
ISO 639-3hac
Linguasphere58-AAA-b

Иако горанскиот јазик има големи сличности со курдскиот јазик во поглед на зборовниот фонд, сепак јазикот е граматички различен и има сличности со зазанскиот.[6] Најстариот документ за сите овие јазици е напишан на горански. Горанскиот, порано, бил доста важен јазик во југоисточните предели на Курдистан, но денес е заменет со соранскиот јазик (курдски).[7]

Потекло на поимот

уреди

Името „горан“ е индоиранско потекло. Името најверојатно потекнува од авестискиот збор gairi, што значи „планина“, „гора“.[8]

Наводи

уреди
  1. Горански јазик - Ethnologue (XVI изд, 2009)
  2. D. N. Mackenzie, Avromani, Encyclopedia Iranica
  3. D. N. Mackenzie, GURĀNI, Encyclopedia Iranica
  4. "Kurdish language." Encyclopædia Britannica. 2010. Encyclopædia Britannica Online. 23 Nov. 2010
  5. Edmonds, Cecil. Kurds, Turks, and Arabs: politics, travel, and research in north-eastern Iraq, 1919-1925. Oxford University Press, 1957.
  6. 6,0 6,1 J. N. Postgate, Languages of Iraq, ancient and modern, British School of Archaeology in Iraq, [Iraq]: British School of Archaeology in Iraq, 2007, p. 138.
  7. Meri, Josef W. Medieval Islamic Civilization: A–K, index. p444
  8. http://www.avesta.org/avdict/avdict.htm#dctg
  • D.N.MacKenzie (1966). The Dialect of Awroman (Hawraman-i Luhon). Kobenhavn.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди