Голем дворец (Цариград)

царски дворец во Цариград

Голем дворец (грчки: Μέγα Παλάτιον, турски: Büyük Saray) - исто така познат и како Таен дворец (латински: Sacrum Palatium, грчки: Ιερόν Παλάτιον) — голема царска палата која се наоѓала во југоисточниот дел на денешниот Стар Истанбул (односно населбата Фатих). Таа служела како главна резиденција на Источноримските или византиските императори во периодот од 330-1081 година и била во центарот на царската администрација за повеќе од 800 години.

Карта на административниот град во Цариград. Структурите на Големата палата се прикажани во нивната приближна позиција кои произлегуваат од литературни извори. Преживеанте структури се во црна боја.

Историја

уреди

Кога Константин I престолнината ја преместил од Рим во Цариград во 330 година, тој веднаш наредил да се изгради голем дворец кој ќе служи како резиденција. Палатата се наоѓала помеѓу хиподромот и Аја Софија. Градбата била обновувана и проширувана на неколкупати, особено во времето на императорите Јустинијан I и Теофил.

До почетокот на 13 век, Големата палата служела како примарен административен и церемонијален центар на градот, иако од почетокот на династијата на Комнините, палатата во Влахерна била фаворизирана како империјална резиденција. За време на Четвртата крстоносна војна, дворецот бил ограбен од страна на војниците на Бонифациј Мoнтифератски. Иако подоцнежните латински императори продолжиле да ја користат палатата, сепак тие немале пари за нејзината обнова и одржување.

Кога градот бил повторно заземен од страна на силите на Михаил VIII Палеолог во 1261 година, големата палата веќе се наоѓала во лоша состојба, па тој не ни направил некои поголеми реставрации на истата, така што кога Мехмед II влегол во градот во 1453, тој ја најдол разурната и напуштена.

Голем дел од палатата бил срушен по општата обновата на Цариград во раните години на Отоманската ера. Сепак, на почетокот на XX век, Големата палата била опожарена. Во последните неколку години во палатата се врши истражување; вкупното ископување не е изводливо, бидејќи Султан Ахмедовата џамија и соседните згради се наоѓаат во нејзина непосредна близина. Повеќето од откопаните мозаици биле сместени во Музејот наречен Мозаик на Големата палата.

Опис

уреди

Палатата била сместена во југоисточниот дел на полуостровот во градот, каде што се наоѓаат Хиподром и Света Софија. Вкупната површина на Големата палата надминувала 200.000 квадратни метри (19.000 m2).

Главниот влез на палатата била портата Чалке пред плоштадот Август, кој се наоѓал на јужната страна од Света Софија, а таа била главната улица на градот. На исток од плоштадот се наоѓале сенаторската куќа или Палатата Магнаура, каде подоцна бил сместен универзитетот, и западно од споменикот Милиони.

Литература

уреди
  • Џонатан Бардил, Големата палата на византиските императори и Вокерските Ископувања, In: Journal of Roman Archaeology, 12 (1999), pp. 216–230.
  • Freely, John; Cakmak, Ahmet S. (2004). Византиски споменици на Истанбул. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-77257-0.
  • Harris, Jonathan (2007). Цариград: Главен град на Византија. Hambledon Continuum, pp. 59-83. ISBN 978-1-84725-179-4.
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991). Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6.
  • Maguire, Henry (2004). Byzantine court culture from 829 to 1204. Dumbarton Oaks. ISBN 978-0884023081.
  • Кирил Манго: The Brazen house: a study of the vestibule of the Imperial Palace of Constantinople (Kopenhagen 1959).
  • Cyril Mango: The Palace of Marina, the Poet Palladas and the Bath of Leo VI. In: E. Kypraiou (Hrsg.), Eufrosynon: Afieroma ston Manoli Hatzidaki (Athens 1991), pp. 321–330
  • Cyril Mango: Ancient Spolia in the Great Palace of Constantinople. In: Byzantine East, Latin West: Art-Historical Studies in Honor of Kurt Weitzmann (Princeton 1995), pp. 645–649.
  • Paspates, A. G. (2004) [1893]. The Great Palace of Constantinople. Kessinger Publishing. ISBN 0766196178.
  • Westbrook, Nigel (2007-12-21). „Great Palace in Constantinople“. Encyclopedia of the Hellenic World, Constantinople. Архивирано од изворникот на 2015-05-10. Посетено на 2009-09-26. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди

41°00′22″N 28°58′41″E / 41.006° СГШ; 28.978° ИГД / 41.006; 28.978