Георги (Гошо) Коцев Гочев — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Георги Гочев
Роден 1876
Штип, Македонија
Починал 7 март 1942
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Георги Гочева е роден во 1876 во градот Штип, тогаш во Отоманското Царство. Во 1895 година завршува педагошка школа во Ќустендил, Бугарија, и работи како учител. Влегува во ВМОРО. Во летото 1898 година властите го уапсиле и осуден е на 3 години кој ги одлежал Куршумли ан во Скопје.

Во 1903 година работи во Централниот комитет во Солун, како што ја водел шифрираната кореспонденција на Комитетот и учествувал во организирањето на канали за пренос на оружје од Грција. Подоцна бил помошник на задграничните претставници Борис Сарафов и Иван Гарванов. Одржувал блиски контакти со Христо Матов и Тодор Александров [1]. Во 1908 година учествувал во работата на Ќустендилскиот конгрес.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и е војвода на партизанска чета № 32, ги помага српските сили во Кратовската, заедно со чета № 31 на Стојан Мишев. Заедно со четите на Славчо Абазов и Ефрем Чучков го зазема кратовското село Бреза и го предава на Србите. Подоцна е во четата на Иван Јанев-Брло и во штабот на 15-та штипскиот дружина.

По војните учествува во создавањето на ВМРО.Присуствува на Седмиот конгрес на ВМРО во 1928 година.

Извори

уреди
  1. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 254 - 255.