VII Конгрес - с. Крупник

VII Конгрес - с. Крупник — конгрес на македонската револуционерна организација - ВМРО (Автономистичка), кој се одржал од 21 до 25 јули 1928 година во селото Крупник, Горноџумајско. Овој собир е всушност вториот конгрес на оваа организација, меѓутоа бидејќи ВМРО (Автономистичка) се декларирала за наследник на Внатрешната македонската револуционерна организација, конгресот се третира како VII Конгрес.

Заседание

уреди

Од 21 до 25 јули 1928 година во с. Крупник, Горноџумајско, во месното училиште, се одржал Седмиот општ редовен конгрес на ВМРО.

Делегати

уреди

Присуствуваат делегати од три револуционерни окрузи:

Скопскиот округ – 8 делегати (К. Лазаров, М. Опилски, Ев. Полски, Д. Христов, В. Велјанов, К. Дрангов, Ј. Ѓурков и Вл. Куртев)
Струмички - 4 (Г. Вандев, Хр. Андонов, Ст. Вардарски и Б. Бунев)
Серски – 1 (Милан Постоларски).

Освен нив, Пиринска Македонија е претставена со 5 души (Ив. Караџов, Ив. Вапцаров, Ст. Филипов, Г. Настев и С. Развигоров). Или вкупно 18 делегати од потребните 26, плус Ив. Михајлов, што било две третини од сите делегати. На конгресот присуствуваат и 14 души гости, главно заслужни дејци на организацијата и приврзаници на И. Михајлов (Н. Георгиев, Т. Стоилков, Г. Гочев, Г. Меѓуречки, А. Манасиев, И. П. Евтимов, Кр. Велјанов, С. Евтимов, Т. Карајовов, Ј. Чкатров, Д. Великов, Г. Јанев, Д. Данаилов и Менча Карничева-Михајлова).

На конгресот не присуствуваа членот на ЦК Георги Поп Христов и членовите на Задграничното претставништво Наум Томалевски, Кирил Прличев и Георги Баждаров, кои требало да дадат отчет пред конгресот за дотогашната работа.

Формирана е тричлена комисија за проверка на полномошната (Г. Настев, Ев. Полски и Ст. Вардарски), а потоа и биро на конгресот во состав: Ив. Караџов - претседател, секретари: С. Развигоров и Б. Бунев и потпредседатели- Ил. Поп Илиев и Кр. Лазаров.

Работа

уреди

Дневен ред

уреди

На конгресот е прифатен и дневниот ред:

1. Отчет на ЦК;

2. Отчет на ЗП;

3. Дебати по отчетите;

4. Промени на Уставот и Правилникот;

5. Разно;

6. Избор на ЦК и ЗП и

7. Прифаќање на резолуциите.

Отчет

уреди

Отчет за дотогашната работа изнел Иван Михајлов. Пред конгресот Ив. Михајлов прави пособно излагање за убиството на Александар Протогеров. Обвинувањата против него започнуваат уште од почетокот на 20-те години, кои минуваат во некоректен однос кон Т. Александров, потоа учество во неговото убиство, до неговата намера да ги "истреби сите пријатели на Тодор".

Преднацртот за измена на Уставот и Правилникот на ВМРО го прави Ј. Гурков. Измените пред се' се однесуваат за Задграничното претставништво, што отпаѓа како институција. Во новиот устав се предвидува пред надворешниот свет организацијата да се претставува од ополномоштени лица од ЦК.

Нов централен комитет

уреди

На конгресот бил избран нов состав на Централниот комитет на ВМРО, во кој влегле: Иван Михајлов, Иван Караџов и Страхил Развигоров. За резервни членови се избрани: Јордан Гурков, Вл. Куртев и Ив. Поп Евтимов.

Конгресот не избира членови на ЗП. Дотогашната дејност на ЗП е оценета како "целосна неактивност" и систематски изолирање на ЦК од општествени фактори и лица, а исто така и незаконитата интервенција во неговите компетенции. Г. Баждаров, К. Прличев и Н. Томалевски, коишто откажуваат да присуствуваат на конгресот, како и Г. Поп Христов се прогласени за отпадници од организацијата.

Како ополномоштени лица се избрани Михаил Монев и Јордан Гурков.

На Конгресот биле извршени измени на Уставот и Правилникот на ВМРО и била донесена посебна Резолуција за продолжување на борбата за извојување автономија на Македонија и преку културната и легалната борба да се дојде до создавање на самостојна и независна држава Македонија.

Резолуција за убиството на Протогеров

уреди

Конгресот прифаќа резолуција, со којашто го оправдува Ив. Михајлов за убиството на Протогеров, извршено непосредно пред конгресот, на 7 јули. Во неа се кажува, дека уште пред септември 1924 г. Ал. Протогеров, служејќи се со заблуди и интриги постојано се стремел да го осрамоти името на Т. Александров, да создава расположение против него, што доведува и до неговото убиство. Со своето поведение тој внесувал раскол во организацијата и ја довел во опасност нејзината целовитст и самостојност. Тој е учесник и во убиството на Т. Александров. Имајќи предвид кажаното, според резолуцијата на конгресот, Ив. Михајлов го исполнил својот долг, кога решил и дал заповед за неговото убиство. Со тоа тој ги зачувал врвните интереси на организацијата.

Во специјална резолуција на конгресот ВМРО декларира, дека ќе го продолжи делото на Т. Александров и ќе се бори за извојување на полна политичка автономија на Македонија.[1][2][3]

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия "Пирински край". Том 2, Благоевград, 1999, стр. 246.
  2. Информация за Седмия конгрес на ВМРО
  3. Гаджев, Иван, „Иван Михайлов (отвъд легендите)“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, стр. 206 - 225.