Геологија — наука за настанувањето, градбата и составот на Земјата, наука за процесите и пројавите што настанувале и настануваат на површината од Земјата и во нејзините длабочини. Научниците коишто се занимаваат со проучувањето на оваа наука се викаат геолози. Зборорот „геологија“ за првпат го употребил Жан Андре Делик (17271817) во 1778 година, а терминолошки го дефинирал Хорас Бенедикт од Сосура (17401799) во 1779.

Геолошки часовник: приказ на 4,5 милијарди години од историјата на Земјата со нејзините периоди поважни настани. Мг = пред милион години (мегагодина); Гг = пред милијарда години (гигагодина).

Историски развој

уреди

Геологијата е една од најстарите науки заедно со астрономијата. Употребата на геологијата е поврзана со користењето на техничкиот камен како градежен материјал. Уште од времето на неолитот, кога почнале да се појавуваат првите населби, луѓето знаеле каков вид на камен е најдобро да употребат за различни потреби, па за правење на алатки користеле обсидијан и кремен, а за градење мермер и варовник. За тоа сведочат археолошките наоѓалишта.

Поврзано

уреди